„Двапати донирав орган за мајка ми - тоа е мала цена за да ја видам здрава и среќна“

„Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше подарок што го дадов со задоволство“ – вели Ајлин која донирала бубрег, како и дел од својот црн дроб за нејзината мајка.

devojka-dva-pati-i-go-spasila-zhivotot-na-majka-si-doniranjeto-dva-organi-e-mala-cena-za-da-ja-vidam-majka-mi-srekjna-01.jpg

Кога Џулија Харлин од САД дознала дека ѝ откажува црниот дроб, им рекла на своите пет деца да не ѝ донираат орган, бидејќи не сакала да поминуваат низ стресот кој го носат тестирањето и операцијата.

Но, ќерка ѝ Ајлин Харлин и покрај сè решила да се тестира, па кога открила дека е компатибилна, веста ѝ ја соопштила на нејзината мајка, и тоа токму на Денот на мајката во 2022 година.

И покрај тоа што Џулија се обидувала да ги разубеди, нејзините деца не ја послушале, бидејќи тоа била нејзината најдобра шанса за да остане жива.

devojka-dva-pati-i-go-spasila-zhivotot-na-majka-si-doniranjeto-dva-organi-e-mala-cena-za-da-ja-vidam-majka-mi-srekjna-02_copy.jpg

За време на трансплантација на црн дроб, се зема дел од донорот и се дава на примателот. Црниот дроб е единствениот орган во телото што може да се регенерира, обично во рок од неколку месеци по операцијата, што значи може да се добие и од жив донор.

„Никој не беше подготвен за тоа да ја нема мајка ни во нашите животи. Тоа беше подарок што го дадов со задоволство.

Ако не донирав и нешто лошо ѝ се случеше на мајка ми, не ќе можев да живеам со себе“, вели Ајлин.

По успешната операција за трансплантација во август 2022 година, Џулија мислела дека ништо не може да ја надмине великодушноста на нејзината ќерка.

Но, шест дена пред Божиќ, Ајлин ѝ дала на мајка си втор подарок за продолжување на животот: донирала еден од нејзините бубрези.

devojka-dva-pati-i-go-spasila-zhivotot-na-majka-si-doniranjeto-dva-organi-e-mala-cena-za-da-ja-vidam-majka-mi-srekjna-03_copy.jpg

Ајлин дознала дека таа е единствената од сите деца која е компатибилен дарител, па откако им ја соопштила веста, Џулија се противела и не сакала нејзината ќерка да поминува низ друга трансплантација. Но, набргу сфатила дека нема многу избор.

„Лекарите рекоа дека никогаш нема да добијам бубрег од починат дарител. Поради мојата возраст, тие би го дале на некој помлад“ – вели Џулија.

Лекарите не сакале да ја стават на дијализа, бидејќи со тоа ќе му се наштетело на црниот дроб кој претходно бил трансплантиран.

„Бевме во криза, па ѝ реков на мајка ми дека без разлика на сè, ќе го сторам тоа“ – споделува Ајлин.

devojka-dva-pati-i-go-spasila-zhivotot-na-majka-si-doniranjeto-dva-organi-e-mala-cena-za-da-ja-vidam-majka-mi-srekjna-04.jpg

Џулија вели дека била изненадена од тоа колку подобро се чувствувала откако го добила бубрегот од нејзината ќерка. По два дена од трансплантацијата таа имала многу енергија.

Ајлин верува дека донирањето два органи е мала цена за да ја види нејзината мајка среќна и здрава, со зголемена виталност, па ќе може да ужива со нејзините 12 внуци.

devojka-dva-pati-i-go-spasila-zhivotot-na-majka-si-doniranjeto-dva-organi-e-mala-cena-za-da-ja-vidam-majka-mi-srekjna-05_copy.jpg

„Навистина сум благодарна што успеав да го направам тоа, бидејќи многу луѓе можеби нема да ја добијат таа шанса“ – додава Ајлин.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg