„Знаеш дека си мајка со мали деца кога повеќе ни во бањата не си сама“
Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгледа како да сте одморале цела ноќ. Ви звучи ли познато?
Да се биде мајка на две (или повеќе) деца е вистински благослов, но, од друга страна, секојдневието може да биде хаос. Треба да се следи распоред за хранење, облекување, дисциплина, љубов, учење…
Невозможно е да не се сакаат децата со целото срце и секако дека вредат за целата енергија која ја вложуваме како родители, но понекогаш исцрпеноста е толку голема што ги надминува сите граници.
Во продолжение погледнете неколку смешни и забавни изреки во кои можеби и ќе се пронајдете ако и вие имате деца.
Знаете дека сте мајка на две (или повеќе) деца кога:
- Шест часа сон, дури и со повеќекратни прекини за хранење на новороденчето, изгледа како да сте одморале цела ноќ.
- Почнувате да мислите дека купот валкани алишта ја окупира целата ваша куќа.
- Не се мачите да ја пресоблечете блузата откако ќе ве извалка бебето, затоа што веќе имате дамки на панталоните, па добро ќе ви одговара.
- Наместо да го спречите детето во неговата замисла дека е куче и да ги јаде купчето житарки кое штотуку го истурило (додека сте го хранеле бебето), вие му дозволувате. Барем нема да биде гладно подоцна...
- Вашата куќа се претвора во замок, пештера на мечка, тркачка патека или вулкан што исфрла лава. Сакате децата да бидат креативни, но едноставно, немате сила сè да исчистите.
- Не смеете да го прескокнете распоредот, затоа што потоа и самите нема да можете да се снајдете во сопствениот хаос.
- Ќе ви се допаѓа, но и ќе мразите да излегувате на прошетка или на пазарување со сите деца.
- Пристигањето некаде точно навреме уште одамна ви е заборавено.
- Сфаќате дека вреди да пазарувате онлајн, па дури и да платите повисока цена за достава, што не беше случај кога имавте само едно дете, па едвај чекавте да излезете од дома.
- Повеќе не сте сами ниту во бањата.
- Им дозволувате на децата да прават работи (кои за првото дете биле строго забранети), само за да можете да уживате неколку минути.
- Еден месец откако се родило второто (па и третото) бебе, вие сфаќате дека немате многу фотографии од него.
- Колку да е напорно и тешко, еден ден децата ќе пораснат и од сето ќе ви останат само слатки сеќавања. Во куќата со најголем хаос… најважно е да уживате со вашите најмили!
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com