Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки или градинка?

Бабата ни беше спасот

Баба е херојот во приказната на 44-годишната Снежана Митровска, мајка на две ќерки, 12 и 15 години. Таа вели дека нејзината постара ќерка имала една година кога ја запишале во градинка.

„Таа никогаш не се навикна на градинката. Секој ден беше нова борба, или беше плачење, или нејадење или неспиење, плус настинки и вируси“ – појаснува таа.

„Почесто беше дома отколку во градинка“ – додава Снежана и вели дека најголемиот проблем била храната во градинка. „Дури и почна на спие, но не сакаше да јаде во градинка, па затоа ја отпишавме и во тој момент мојата мајка беше мојот спас“ – раскажува таа.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-07.jpg

Нејзината мајка, тогаш дала отказ на работа за да се грижи за својата внука, но и за нејзината ќерка да не го изгуби работното место.

„И до ден денес, мојата постара ќерка е миленица на баба ѝ“ – вели Снежана, која вечно ќе ѝ биде благодарна на мајка си за грижата за нејзините ќерки.

„Втората ќерка воопшто не ни ја пративме во градинка. А и мојата мајка се грижеше и за синовите од мојата сестра. Таа си направи мини градинка дома со четири внуци“.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-08.jpg

Снежана вели дека не знае што би се случило ако нејзината мајка не го жртвувала своето работно место за да се грижи за внуците.

Секоја мајка со својата приказна, нема точно или погрешно, само различни искуства. За некои градинките се одлично место каде што нивните деца се згрижени осум часа, со редовни оброци и активности, а други пак сакаат дадилки кои ќе им го посветат вниманието само на нивното малечко, заштитувајќи од вируси додека не го добие потребниот имунитет. И, секако, бабите, тие се нашите херои.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: depositphotos.com 



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg