Мајки од Македонија откриваат за CRNOBELO: „Кој ни ги чува бебињата по породилното - баби, дадилки или градинка?

Градинка да, дадилка никако

Ивана Момироска Таневска е мајка на петгодишниот Матео и тригодишната Теона и двајцата посетуваат градинка.

Со нејзиниот сопруг се одлучиле за градинка поради нивните работни места и работно време од 7.30 до 15.30 часот и во тоа време и двете деца се во градинката „Сонце“, објект под „ЈУДГ Бубамара“ во општина Аеродром. Месечно плаќаат во 1.490 денари за секое дете, и во тоа е вклучено појадок, ручек и две ужинки.

„Дефинитивно, да - за градинка. Со баба во случаи кога детето е настинато, дадилка никако“ – вели оваа млада мајка, која додава дека приспособувањето во градинка во првата недела е тешко.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-05.jpg

„Детето треба да навикне на нова средина, во која треба да дели играчки со повеќе од 25-30 деца, на негувателки, на нови работи“ – појаснува таа, додавајќи дека Теона почнала во градинка со само десет месеци, а Матео со две и пол години, поради епидемијата.

Таа појаснува дека децата се задоволни и среќни во градинката, поборбени и несебични.

„Баба кај нас ги чува децата само кога се настинати и не можат да одат во градинка“ – вели Ивана, потенцирајќи дека нема храброст да ги остави своите деца со дадилка.

Дадилка само со препорака

За Магдалена Ѓошевска, мајка на двегодишен син, ангажирањето на дадилка е одлично и практично искуство. Таа појаснува дека работи од дома, па затоа многу повеќе ѝ одговарало, жена да доаѓа кај нив дома и да го чува нејзиниот син, отколку да го носи во градинка.

„Препораката беше клучниот момент кој ни помогна да одбереме дадилка за мојот син“ – вели Магдалена и додава дека им препорачува на мајките кои наскоро ќе се вратат на работа да размислат за оваа опција.

vecna-dilema-koj-da-gi-cuva-bebinjata-dodeka-mama-e-na-rabota-babi-dadilki-ili-gradinka-06.jpg

„Мојот син брзо се навикна на неа и ја засака“ – додава таа, појаснувајќи дека е навистина задоволна и дека за оние родители кои се размислуваат меѓу дадилка и градинка, таа препорачува дадилка.

На прашањето дали планира да го прати во градинка, таа вели дека не ја исклучува таа можност, но сака прво синот да порасне малку и да изгради имунитет.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg