Србинка стана мајка по 14 години борба со неплодност, 14 вонтелесни оплодувања и 60 целосни анестезии

„Јас својата борба ја започнав кога имав 24 години. Повеќе од 14 години со помош на вонтелесно оплодување се обидувавме да добиеме дете“ – раскажува 39-годишната Сандра Јовановиќ од Србија, која успеала да стане мајка на ќерката Љубица, тогаш кога сите околу неа се откажале.

srbinka-stana-majka-po-14-godini-borba-so-neplodnost-14-vontelesni-oploduvanja-i-60-celosni-anestezii-01.jpg

Само оние родители што ја поминале борбата за потомство знаат дека тоа е долг и макотрпен процес и дека иако некогаш се чини дека тоа е едноставен процес, некогаш воопшто не е така. Постојат жени што се соочиле со многу пролеани солзи и со голем број неуспеси, но не се откажале.

Сандра Јовановиќ (39) од Ниш, Србија е една од оние жени што поминале долг и макотрпен процес за потомство.

Цели 14 години таа не се откажувала од тоа дека еден ден ќе стане мајка, а за своите искуства денес отворено зборува во голем број емисии во српските телевизии.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-03.jpgфото: YouTube - принтскрин

Оваа храбра Србинка, пред 14 години дознала дека јајцеводите ѝ се целосно нефункционални, па вели дека ѝ било мошне тешко да прифати дека нема да може да стане мајка по природен пат.

„Јас својата борба ја започнав кога имав 24 години. Вкупно 14 години со помош на вонтелесно оплодување се обидувавме да добиеме дете. Имавме 14 постапки за вонтелесно оплодување.

На самиот почеток кога дознав дека имам проблеми со забременувањето, мислев дека сѐ ќе биде лесно. Само ќе одам на вонтелесно оплодување и... Пуф! Бебето ќе биде тука“ – раскажува таа за српските медиуми.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-02.jpgфото: YouTube - принтскрин

Сепак, нејзината борба траела цели 14 години, а Јована пресметала дека вкупно 60 пати била под целосна анестезија, заради големиот број операции, хируршки зафати, анализи.

„Тоа е долг период – 14 години, 14 вонтелесни оплодувања, 14 стимулации, малку повеќе трансфери. Една голема борба. На жената што вистински сака бебе, многу ѝ е тешко да се крене, откако ќе доживее неуспех по поминатите процеси за вонтелесно оплодување“ – раскажува таа.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-04.jpgфото: YouTube - принтскрин

Сандра вели дека била одлучна дека сака да добие бебе, но сепак, сакала да биде објективна и сама си дала рокови, по кои, ќе се откаже доколку обидите за вонтелесно оплодување не успеат.

„Првото вонтелесно оплодување ми беше страшно, неуспешно, голем пораз. Беше тешко да соберам сили за да продолжам понатаму. Си дадов себеси рокови и си реков дека до својата 40-та година ќе се обидувам онолку пати колку што треба и дека дотогаш нема да се откажам“ – вели таа.

По десеттиот обид Сандра имала спонтан абортус, трагедија што многу тешко ја поднеле со сопругот, а 4 години подоцна кога ги добиле убавите вести дека повторно очекуваат бебе, биле многу исплашени.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-05.jpgфото: YouTube - принтскрин

Таа додава дека по 13-те неуспешни обиди сопругот веќе целосно имал изгубено надеж и дека веќе не сакал ниту да се обидува, но таа успеала да го убеди.

„Тој страв и неизвесност ја одбележаа целата бременост. Постојано се молев само сѐ да биде во ред, да издржам до крај.

Бременоста беше високоризична цело време. Околу 3 месеци лежев во болница. Ништо не одеше лесно, но вредеше“ – вели таа.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-07.jpgфото: YouTube - принтскрин

На прашањето што било различно при тоа 14-то оплодување Сандра вели:

„Тоа 14-то оплодување беше целосно исто како и сите претходни, можеби беше само поопуштено и полежерно. Она што беше поинаку е тоа што апсолутно никој не знаеше дека отидовме на вонтелесно оплодување“ – вели Сандра.

srbinka-po-14-godini-obiduvanje-so-vontelesno-oploduvanje-konechno-e-majka-nishto-ne-odeshe-sovrsheno-no-vredeshe-06.jpgфото: Фејсбук - Сандра Јовановиќ

Денес Сандра е мајка на Љубица. Таа редовно ја споделува својата приказна во српските медиуми со цел да ги охрабри луѓето што долго време ја водат битката за потомство да не се откажуваат.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Исповед на една искрена мајка: „Ми доаѓа преку глава од сè секој ден и во еден миг буквално ‘пукам’“ „Навистина сакам да сум смирена, трпелива и нежна мајка сум (каква и што сум пон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg