5 знаци што откриваат дека вашето дете е зависник од компјутер (и начини со кои можете да му помогнете)

Одличниот ученик почнува да покажува послаби резултати во училиштето, до вчера главна преокупација му бил фудбалот, а сега не помислува на ништо друго освен на видео игрите. Не сака да се бања, не сака да јаде, кога не е пред компјутер не знае што да прави со себе... Зависноста од компјутер е многу слична со другите зависности, а најчесто ги погодува најмладите.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-01.jpg

Лорен Мак од САД е експерт за безбедност на интернет, а врз основа на долгогодишната работа како специјалист во својата област, таа забележала неколку знаци што се карактеристични за децата и тинејџерите коишто се зависни од компјутер.

Во статија за The Sun, Лорен издвојува шест симптоми на кои што треба да внимавате и коишто би можеле да ви укажат на тоа дека вашето дете има сериозен проблем со зависноста од екран.

Првиот симптом според Лoрен е тоа што детето не покажува никаков интерес за други хобија, па дури ниту за работите што во минатото го интересирале.

Наместо да сака да игра фудбал, да оди на пливање или да црта, прва и главна преокупација на детето му е да седне пред компјутер, да игра игри или да седи на интернет.

„Ова ги ограничува децата да изберат други активности и хобија во кои може да се добри, и во што подоцна би можеле да изградат кариера“ – појаснува Лорен.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-02.jpg

Второ, слично како и со другите зависности и кај зависноста од компјутер може да се случи детето да покажува знаци на криза.

Кога не е пред компјутер, детето или тинејџерот станува иритиран, непријателски настроен, со променливо расположение, нема трпение, покажува знаци на депресија, анксиозност и гнев.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-03.jpg

Трет знак е тоа што детето станува сѐ помалку загрижено за личниот изглед и хигиената, а зависноста од видео игри и компјутер може да предизвика проблеми и со исхраната.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-04.jpg

Четврт знак може да боде слабата концентрација на училиште и неможноста да оствари доволен успех. Детето што претходно имало одлични оценки, наеднаш почнува да покажува загрижувачки резултати.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-05.jpg

Петтиот симптом се однесува на начинот на кој што детето комуницира со соучениците и врсниците.

„Детето што е зависно од компјутер може да има проблем да оствари контакт со другите врсници и тоа понатаму може да доведе до сериозни проблеми со менталното здравје“ – вели Лорен.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-06.jpg

Доколку родителот забележи некој од овие симптоми кај своето дете, потребно е веднаш да разговара со него за да открие како навистина се чувствува, а потоа заедно да утврдат начин како да се изборат со проблемот.

„Доколку се обидувате да му помогнете на вашето дете да ја надмине зависноста од екраните, бидете сигурни дека и вие ќе го направите истото. Само на тој начин ќе им покажете дека времето што го поминувате без екран може да биде подеднакво забавно“ – вели таа.

6-znaci-shto-otkrivaat-deka-vasheto-dete-e-zavisnik-od-kompjuter-i-nachini-so-koi-mozhete-da-mu-pomognete-07.jpg

За да се надминат моментите на криза најдобро е да одредите активности и стратегии со кои што ќе им помогнете мозокот да им биде зафатен и да не размислуваат на компјутерот.

Тоа не значи дека треба целосно да му забраните на детето да поминува време пред компјутер, но неопходно е да му го ограничите времето и да бидете сигурни дека ќе има можност тоа да посвети време и на другите аспекти од животот што се мошне важни за неговиот развој.

Секако, доколку забележувате некои од овие знаци добро е да побарате и стручна помош. Денес постојат голем број експерти и лица што можат да му помогнат на детето да се избори со зависноста и да се изгради во здрава и ментално силна личност.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg