За оние кои се дома со децата: предлог игри и активности (фото + видео)
Деновиве се препорачува да останете во вашите домови како би го спречиле ширењето на корона вирусот. Да не бидеме себични и да покажеме дека сме совесни.
Доколку ви требаат идеи и предлози како да го поминувате времето со децата, а во исто време да се забавувате ви даваме неколку предлози:
1. Деновиве времето ќе биде сончево и топло. Средувајте ја заедно терасата и подгответе ја за пролетната сезона.
Пребришете ги столчињата и масичката заедно, потсредете ги постоечките цвеќиња.
2. Подготвувајте оброци заедно. Направете заедно палачинки или пита. Вклучете ги децата во целиот процес. Ќе се забавувате и ќе уживате во подготовката.
Оваа активност им е забавна и на најмалите дечиња од после 1 годинка.
3. Соберете ги сите сложувалки кои ги имате и направете си натпревар во сложување.
4. Направете замок или куќичка во домот. Користете перници, столчиња, ќебиња, кутии. Импровизирајте и потоа имајте активности во куќичката.
-->
-->
5. Читајте приказни заедно, бојте, цртајте, изработувајте предмети од хартија. Научете да правите оригами.
-->
6. Игри со вода. Наполнете ја кадата и уживајте во долго бањање. Или наполнете леген со вода, бањајте ги играчките, прскајте се, уживајте во играта, а потоа и во бришењето на домот заедно.
7. Играјте криенка. Кријте се на најскришните места во домот.
8. Играјте сокриено богатство. Сокријте работи кои детето ги сака и давајте му насоки каде треба да ги бара. Помогнете му во барањето.
Уште предлози на следната страна...
Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви
„Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“
„Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла...
Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...

„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“
„На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...

7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес
Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно.
Деца...

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца
Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...