За оние кои се дома со децата: предлог игри и активности (фото + видео)
-->
Деновиве се препорачува да останете во вашите домови како би го спречиле ширењето на корона вирусот. Да не бидеме себични и да покажеме дека сме совесни.
Доколку ви требаат идеи и предлози како да го поминувате времето со децата, а во исто време да се забавувате ви даваме неколку предлози:
-->
1. Деновиве времето ќе биде сончево и топло. Средувајте ја заедно терасата и подгответе ја за пролетната сезона.
Пребришете ги столчињата и масичката заедно, потсредете ги постоечките цвеќиња.
2. Подготвувајте оброци заедно. Направете заедно палачинки или пита. Вклучете ги децата во целиот процес. Ќе се забавувате и ќе уживате во подготовката.
Оваа активност им е забавна и на најмалите дечиња од после 1 годинка.
3. Соберете ги сите сложувалки кои ги имате и направете си натпревар во сложување.
4. Направете замок или куќичка во домот. Користете перници, столчиња, ќебиња, кутии. Импровизирајте и потоа имајте активности во куќичката.
-->
-->
5. Читајте приказни заедно, бојте, цртајте, изработувајте предмети од хартија. Научете да правите оригами.
-->
6. Игри со вода. Наполнете ја кадата и уживајте во долго бањање. Или наполнете леген со вода, бањајте ги играчките, прскајте се, уживајте во играта, а потоа и во бришењето на домот заедно.
7. Играјте криенка. Кријте се на најскришните места во домот.
-->
8. Играјте сокриено богатство. Сокријте работи кои детето ги сака и давајте му насоки каде треба да ги бара. Помогнете му во барањето.
Уште предлози на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете
Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви
„Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“
„Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме...
Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“
„Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот...
„Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...