Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да стигнете до Дијапорос - непознатиот остров до вториот крак на Халкидики, што го нарекуваат грчки Кариби?

Се наоѓа на оддалеченост од околу 360km од Скопје, а на островот Дијапорос и во екот на летната сезона може да уживате во интимна атмосфера подалеку од вревата во познатите туристички места. Идеално е за семејства со деца, а неговата убавина ја споредуваат со онаа на Карибите.

kako-da-stignete-do-diaporos-nepoznatiot-grchki-ostrov-do-vtoriot-krak-na-halkidiki-shto-so-svojata-ubavina-potsetuva-na-karibite-01.jpg

Дијапорос е грчки остров што се наоѓа во непосредна близина на вториот крак на Халкидики, до кој може да се стигне само со кајак или со брод, а е одлична дестинација за оние што сакаат да одморат подалеку од вревата и гужвата во популарните туристички места и ресорти.

Чистата, тиркизна вода и прекрасните пејзажи привлекуваат туристи во текот на целата година, а плитките топли води се идеални и за семејства со мали деца.

Разновидниот морски свет е идеален и за оние што сакаат да нуркаат и да ги истражуваат морските води.

Оние што го посетиле островот велат дека премногу потсетува на Карибите, а Сината Лагуна опкружена со природни плажи наликува на огромен базен.

Островот кој изобилува со густа борова шума е ненаселен, а има неколку луксузни вили, каде може да престојувате доколку сте од оние што сакаат одморот да го поминат во приватност и подалеку од вревата и гужвите.

До него се стига преку селото Вурвуру на вториот крак на Халкидики што се наоѓа на околу 350km јужно од Скопје, а оттаму со помош на брод можете да стигнете до плажите.

Тоа што островот не е достапен по автомобилски пат не дозволува островот да ја загуби сопствената природна убавина.

Освен тоа во Вурвуру можете да изнајмите бротче со кое можете да го посетите островот, а редовно има и тури за туристите што се сместиле во селото кое е познато летувалиште, а сакаат да видат што има од другата страна и да уживаат на плажата Мирсини.

Дијапорос се наоѓа на само 2,8 km од селото Вурвуру, а на интернет можете да закажете еднодневна тура со брод до островот по цена од 35 евра од човек.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“ „Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg