Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот
Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и способностите на античката цивилизација. Кои други значајни градби ширум светот покажуваат за што е способен човекот?
Постојат толку многу различни архитектонски градби низ светот, кои станале симбол на одреден град, но и на целата нација. Без некои од нив, историјата и светот не би биле она што се денес.
Најзначајните градби ширум светот, од кои дел се стари и по неколку векови:
Големиот кинески ѕид
Не само што е најдолгиот ѕид во светот, туку е и најголемиот објект во светот. Овој одбранбен објект е направен од материјали како земја, камен, дрво...
Идејата зад ѕидот била да ја заштити кинеската империја од инвазија на разни номадски народи.
Делови од ѕидот биле изградени уште во седмиот век пред нашата ера.
Стоунхенџ
Праисторискиот мегалитски споменик е создаден од огромни камени блокови, а се наоѓа во југозападна Англија.
Не е точно познато што ја мотивирало неговата конструкција, или за каква цел требало да служи. Се претпоставува дека служел за паганските обреди, но и дека се користел како опсерваторија.
Се претпоставува дека Стоунхенџ се градел од 3100 до 1600 година пред нашата ера.
Пирамидите во Гиза
Се работи за три монументални објекти кои се наоѓаат во Египет.
Во древен Египет, фараоните ја покажувале својата моќ со изградбата на пирамидите, а најстарата во Гиза, наречена и Голема пирамида, а изградена е околу 2600 година пред наша ера.
Колосеумот во Рим
Ова е најголемиот амфитеатар некогаш изграден. Амфитеатарот можел да прими до 80.000 луѓе.
Тука се гледале симулации на разни историски битки, егзекуции, борби со гладијатори и борби со крокодили, мечки и лавови.
Колосеумот е изграден во 80-тата година.
Ќаба во Мека
На арапски јази,к зборот „ќаба“ значи коцка, која јасно го дефинира изгледот, односно формата на овој важен религиозен споменик.
Тој е централно светилиште на исламот, а за муслиманите го претставува центарот на светот.
Објектот е изграден околу 608 година.
Оперската куќа во Сиднеј
Австралија може да се пофали со оваа зграда посветена на сценската уметност, која е, исто така, една од најистакнатите згради изградени во 20 век.
Бидејќи се наоѓа во рамките на пристаништето, зданието е препознатлив симбол на Австралија.
Огромните бетонски „школки“, покриени со бели плочки, го формираат покривот на зградата - нејзиното најпрепознатливо обележје.
Зградата на Крајслер во Њујорк
Се наоѓа во Менхетн и е еден од најубавите облакодери во Њујорк. Едно време била највисоката зграда во светот, пред Емпаер Стејт Билдинг.
Зградата на Крајслер секогаш се издвојувала, а некои од нејзините делови се инспирирани од дизајнот на автомобилите на Chrysler.
Ашера | Црнобело