10-те најскапи хотели на светот
Додека некои патници се задоволни ако собата во која се сместени е чиста, има телевизор и чисто купатило, постојат и онакви кои имаат далеку...
...поголеми очекувања. За таквите гости постојат и соодветни понуди во хотелите.
За гостите кои се во потрага по луксуз, објавена е листата на најскапи хотели на светот.
10. На 10-то место се наоѓа парискиот хотел Park Hyatt-Vendôme. Ноќевањето во апартманите е $15.500 долари.
9. Four Seasons George V каде една ноќ во Royal апартманот е $16.000 долари.
8. Осмото месо е за хотелот Le Richemond во Женева. Ако сакате да преспиете во апартманот
Royal Armleder мора да издвоите $17.500 долари.
7. На седмото место е хотелот Burj Al Arab во Дубаи каде една ноќ во апартманот Royal чини $18.000 долари.
6. Московскиот хотел Ritz-Carlton е на шесто место каде ноќевање изнесува $18.200 долари.
5. Хотелот Atlantis на Рајскиот Остров (Бахами) за ноќевање во апартманот Bridge треба да издвојат $25.000 долари.
4. President Wilson Hotel во Женева е на 4-то место, а ноќевање во Royal Penthouse апартманот чини $33.000 долари.
3. Њујоршкиот хотел Four Seasons е трет по ред најскап хотел каде ноќевање во Warner Penthouse апартманот чини $34.000 долари.
2. На второ место е Palms Casino Resort кој се наоѓа во Лас Вегас, а додека сте во градот на гревот можеби ќе добиете на коцка $40.000 долари за апартманот Hugh Hefner Sky Villi.
1. И најскапо на светот е ноќевањето во Grand Resort во Lagonissi во Атина каде треба да платите $50.000 долари за едно ноќевање.