10 најубави плажи на Тасос
Познато е дека Тасос има толку многу плажи што навистина е тешко да ги изброите.
Островот е место каде секој ќе го најде тоа што сака – од песочни до карпести и од урбани до диви плажи, Тасос е место каде секој ќе може да ужива во природната убавина и тиркизната вода.
Ако сте љубители на песочните плажи ова се десетте кои никако не смеете да ги пропуштите:
1. Paradise beach - сместена на 30 километри од Потос оваа плажа сосема оправдано го носи името Рај. Ситниот песок и плитката вода ја прават одлично место за одмор доколку имате мали деца.
2. Marble или Saliara beach – сместена на 4 километри од Макриамос оваа плажа е навистина поинаква од сите останати. Целиот брег е прекриен со бели камчиња кои прават водата да изгледа како да се наоѓате на некоја егзотична плажа.
3. Makryammos – се наоѓа на 2 километри од Лименас и е единствената плажа на која мора да платите влезница. Има забавен парк, базени и е место каде вашите деца ќе имаат ден исполнет со многу забава.
4. Golden Beach – сместена на 40 километри од Потос покрај ситниот песок и убавата вода, оваа плажа има голем број на ресторани и кафулиња каде можете да уживате во вкусната морска храна.
5. Aliki – оваа плажа се наоѓа на 20 километри источно од Потос. Според многумина ова е најубавата плажа на островот, па токму затоа многу тешко е да се најде место, особено во август.
6. Psili Аmos – лоцирана на 7 километри источно од Потос, оваа плажа е спој од навистина ситен песок и големи карпи. Левата страна на плажата е значително многу поубава од десната, а ако решите да ја посетите имајте предвид дека водата е малку поладна од останатите плажи.
7. Pachis – сместена на 10 километри од Лименас оваа плажа е одлично место за оние кои сакаат да го поминат денот под природна сенка на некој од огромните борови. Плажата е исто така одлично место за одмор со деца.
8. Atspas – оваа плажа се наоѓа на 7 километри од Лименарија и е помала во споредба со другите плажи. Ако имате доволно среќа можеби и ќе видите октоподи како пливаат во близина на карпите.
9. Notos – лоцирана на само 1,5 километри од Потос оваа плажа до пред кратко време беше речиси непозната за туристите. Патеката до таму е многу стрмна, а плажата е навистина мала, па ако нема многу туристи ќе имате чувство дека имате плажа само за себе.
10. Trypiti – сместена на 2,5 километри од Лименарија, оваа огромна плажа е место кое ќе им се допадне на сите кои сакаат каменести предели.
М. С. | Црнобело