Магијата на светилникот Nugget Point на Нов Зеланд
Nugget Point e еден од најубавите светилници опкружени со природна убавина во светот, а се наоѓа на југот од Нов Зеланд.
Додека уживате во погледот на прекрасниот океан од ова место, под вас можете да ги набљудувате локалните фоки како си играат.
Но, Nugget Point исто така е дом на морски лавови, разни птици, пингвини и други животинки.
Со светилникот раководи морнарицата на Нов Зеланд, а истиот бил изграден во 1870 година и првично работел на нафта.
Во 1949 година, била воспоставена електрична енергија, а во 1989 година стана целосно автоматизирана, па затоа сега со неа управуваат од главниот град на островот, Велингтон.
За да се фатат прекрасните погледи, кои ги нудат морето и сонцето, најубаво е да го посетите Nugget Point рано наутро или непосредно пред стемнување.