Највисокиот мост на светот
Мило Вијадукт е највисокиот мост во светот кој се протега врз долина на реката Там во Јужна Франција, а слободно може да кажеме и дека е еден од најубавите мостови во светот.
Мостот ја носи титулата „највисок мост на светот“ во однос на висината помеѓу самата основа на мостот (т.е. неговите темели) до највисоката точка на мостот – растојание кое изнесува 343 метри, додека во однос на висината врз која се протега, таа изнесува 270 метри – што го прави 12-ти највисок мост во светот.
Мостот, дело на познати француски и англиски архитекти, е долг 2460 метри и за прв пат за сообраќај е отворен во 2004 година. Почнат е да се гради на почетокот од 2002 година, а целиот проект чини 394 милиони евра – пари кои би требало да се отплатат со патарината до 2080 година.