100-те имиња на Истанбул
Градот што средновековието го знаело како Константинопол, ние сме го викале Цариград, а денес го знаеме како Истанбул, во текот историјата имал над 70 имиња.
Еве дел од најважните историски имиња на градот:
Пред основањето на градот и неговото прво попознато име Византиум, се споменуваат грчкото име „Lygos“ и римското име „Augusta Antonina“ кратко употребувано од 193–211 година според синот на римскиот император Септимус Северус, односно Антониус.
Со основањето на градот во 7 век се наметнува името Византиум, од илирскиот збор „Byzas“ – стар грчки крал. Подоцна според овој град, целото источно римско царство го носи името Византија.
Новиот Рим – пред Константин Велики да го направи главен град на источното римско царство, тој започнал голем проект за реновирање на градот, а делумно како модел му послужил Рим, па затоа некои го нарекувале и Новиот Рим.
Константинопол (Градот на Константинопол) – во чест на царот Константин од грчките зборови Константин и „polys“ што значи град или на турски/арапски јазик: „Kostantiniyye“
Името Истанбул се верува дека потекнува од 10 век и претставува варијанта од грчката фраза „εις την Πόλιν“ што значи „во градот“ или „од градот“, но официјално ова име се користи од прогласувањето на турската република во 1923 година. Тука е и познатата варијанта која ја знаеме и ние како Стамбол или Стамболград.
По освојувањето од страна на турците во 15 век, исламскиот свет го нарекувал градот и Исламбол (многу ислам или пронајди ислам) за да ја изрази улогата главната улога на градот во исламската отоманска империја.
Други познати исламски варијанти на името се:
- Dersaadet (در سعادت) Порта на блаженство
- Derâliye (در عاليه) Возвишена порта
- Bâb-ı Âlî (باب العالی) Возвишена порта
- Pâyitaht (پایتخت) Престолот на тронот
- Asitane (آستانه) Центар на отоманската империја
Старите викинзи го нарекувале градот „Miklagarðr“ или „голем град“, додека евреите го викале „Kushtandina“ – варијанта на турското „Kostantiniyye“.
Ова се само дел од имињата за овој огромен и магичен град кој претставува порта од Западот кон Истокот.