Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во светот?
Секоја од нив има 5 нивоа, висока е, во конусна форма и целосно покриени со сол.
Овој тип на градба бил вообичаен во минатото, но селото Вае Ребо денес е единственото место што ја одржува оваа типична архитектура.
Секој од петте ката во куќата има своја намена. Првото ниво се станбените простории за семејството.
Поткровјето е наменето за чување храна и производи, третиот кат служи за складирање семиња за следната сезона.
Четвртото ниво е резервирано за резервите од храна, а петтото и највисоко ниво, се смета за свето и е местото каде што се почитуваат предците.
Освен куќите во кои живеат семејствата, има и една заедничка куќа.
Тоа е местото каде што членовите на целата заедница се собираат за церемонии и ритуали.
Жителите на селото се католици, но сепак ги почитуваат своите стари верувања.
Главна исхрана на жителите и денес е маниока и пченка, а на земјиштето околу селото се одгледуваат кафе, ванила и цимет, кои потоа, ги продаваат на пазар кој е оддалечен околу 15km од селото.
И покрај изолираноста, во последниве години животот во селото се менува.
Тоа станува попопуларна дестинација за туристите кои се среќаваат со традиционалниот, едноставен живот во Индонезија.
Па иако туристите придонесуваат за економската благосостојба на селото, многумина сметаат дека тие делумно ги нарушуваат мирот и традицијата на жителите.
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:





