Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во светот?
Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и целосно е покриена со сол. Струја има само неколку часа дневно, а најблиското соседно село е оддалечено на 4 часа пешачење. Дали сте слушнале за Вае Ребо?
Во тропската шума на Индонезија, далеку од секаков знак на цивилизација, се наоѓа едно од најнеобичните (и најверојатно едно од најубавите) села во светот - Вае Ребо (некои го викаат и Варебо).
Селото, лоцирано на островот Флорес, се наоѓа на 1.200m надморска височина, а првото село во негова близина е оддалечено на околу 4 часа пешачење.
Препознатливо е по традиционалните сламени куќи (ги има само 7 на број), но и по начинот на живот кој жителите го практикуваат одамна.
Сместено е среде густи шуми, опкружено со високи планини. Тука нема сигнал за мобилните телефони, а има струја само неколку часа дневно, од 18 до 22 часот.
И покрај тоа, Вае Ребо е посебно и уникатно место.
Во 2012 година, селото го доби статусот на културно наследство на УНЕСКО, по што целиот свет дозна за оваа долго чувана индонезиска тајна.
Вае Ребо се наоѓа во област со богата со вегетација, полна со орхидеи, папрати, разни цвеќиња, а дом е и на бројни птици.
Со оглед на надморската височина, воздухот често е ладен и влажен, па условите за жителите не се идилични.
Основач на селото бил Емпу Маро пред околу 100 години, а повеќето денешни жители се негови потомци.
Според легендата, која се раскажува во селото, тој бегал од непријателите од место до место, сè дека една ноќ во сон не му се појавил човек кој му рекол да го побара ова изолирано место и да се насели таму со неговата сопруга.
Маро и неговата сопруга го побарале Вае Ребо и таму основале населба.
Селото е составено од 7 уникатни куќи, наречени Мбару Нианг.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





