„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како кај нас“

Од слаткарници до винарии, ќошиња кои ви прават убаво на душата има буквално на секој чекор.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-42.jpg

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-31.jpg

При пристигнување во Романија ќе мора еврата да ги замените со леи, локалната валута на оваа држава. Едно евро е околу 5 леи.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-111.jpg

За 2,5 евра во Темишвар ќе пиете кафе, за помалку од 2 евра ќе си купите магнет, а за десетина евра ќе имате оброк.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-61.jpg

Во локалниот трговски центар, поточно комплексот „Iulius Town“ кој е огромен, вљубениците на шопинг ќе ја пронајдат својата доза забава, но јас секако не би поминала таму повеќе од половина час, за подароци за саканите, затоа што душата на градот не се крие таму, туку по малите улички, кои чекаат на вас да ги истражите.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-58.jpg

На тие улици ќе ја видите бабата Романка која танцува на фестивал, како вчера да ја навршила 20-тата година од животот, а нè 70-тата и која ќе направи одново да се вљубите во животот.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-02_copy.jpg

Таму ќе ги видите младите Романки, лежерно облечени, кои со задоволство на англиски јазик ќе ви ги дадат посакуваните насоки за градот и ќе ви покажат колку топол народ се.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-40_copy.jpg

Таму ќе ја видите скромната, но магична невеста, која решила со својот сакан да си направи свадбена фотосесија во локално кафуле.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-15.jpg

Таму ќе видите дека локалците си одржуваат беспрекорна хигиена на градот и си прават самите себе да им е убаво, а не се ни брзаат да ги отворат прерано локалите, затоа што слободното време е светост.

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-44.jpg

И на крајот од турата го посетивме Белград. Дестинација каде сум била многу пати, но која одново во мене секојпат побудува чувство на „Баш би можела да се замислам да живеам тука“. Но...

bev-vo-dva-prekrasni-grada-vo-romanija-patuvav-8-chasa-so-avtobus-od-skopje-cenite-bea-isti-kako-kaj-nas-47.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg