4 острови во Грција кои вреди да се посетат во септември
Ако сте авантуристи за спонтани патувања и љубители на вечно лето, тогаш погледнете неколку места кои може да ви ветат одличен одмор овој септември.
Септември е одличен месец за посета на Грција. Како што се намалуваат високите летни температури, Грција останува прекрасно сончева и топла низ повеќето нејзини региони.
Со намалувањето на метежот, септември исто така ќе ви даде порелаксирана атмосфера за уживање, но и за истражување во оваа прекрасна земја, без да треба да се „борите“ со премногу туристи.
Овие места во Грција се одличен избор за посета во месец септември:
Родос – добро место за да уживате во одличното време
Во септември, Родос нуди фантастича клима, со просечни температури од 25°C.
Медитеранската клима на островот обезбедува многу сонце и пријатни температури, совршени за истражување на неговите историски места и крајбрежни области.
Крф – најдобро место за семејство со деца
Крф е популарната дестинација погодна за патување со семејство.
Со своите бујни пејзажи, историски места и одморалишта, Крф е погоден за деца, а септември е одлично време и за да ги избегнете метежот.
Милос – одличен за романтика
Островот Милос е скриен скапоцен камен, кој нуди прекрасни вулкански пејзажи, живописни рибарски села и затскриени плажи кои го прават совршено романтично бегство.
Во септември, уживајте во интимниот амбиент, со помалку туристи.
Карпатос – најдоброто место за да го избегнете метежот
Островот Карпатос е одлична опција за оние кои сакаат да гo избегнат метежот, бидејќи е посетен од помалку туристи за разлика од другите популарни грчки острови.
Доживејте поинакво искуство на грчките острови додека ја истражувате недопрената глетка на Карпатос, во релативна осаменост.
М. Ѓ. | Црнобело