Дестинации на Балканот што секој мора да ги посети (барем еднаш)

Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните средновековни ѕидини, историски стар град и прекрасните глетки кои оставаат без здив.

destinacii-na-balkanot-shto-sekoj-mora-da-gi-poseti-barem-ednash-01.jpgфото: depositphotos.com

Порталот за патување и туризам, Travelvikings.com, преку својата Фејсбук фан страница, на своите следбеници им препорача 4 дестинации на Балканот кои мора да го посетат.

Меѓу местата, што според нив, секој треба да ги види барем еднаш, е и нашиот бисер, Охрид.

Кои се останатите 3 дестинации и што напишаа за секоја од нив?

Дубровник, Хрватска

Познат како „бисер на Јадранот“, Дубровник е препознатлив по добро сочуваните средновековни ѕидини, историски стар град и прекрасните глетки кои оставаат без здив.

Прошетката покрај старите градски ѕидини нуди неверојатен поглед на Јадранското Море и на покривите на куќите направени од теракота.

destinacii-na-balkanot-shto-sekoj-mora-da-gi-poseti-barem-ednash-05.jpg

Котор, Црна Гора

Овој крајбрежен град е препознатлив по својот живописен залив, добро сочуваната средновековна архитектура и импресивни градски ѕидини.

Шармантниот стар град на Котор, кривулестите улици и неверојатниот поглед на планината која се издига над градот, го прават градот дестинација која мора да се посети.

destinacii-na-balkanot-shto-sekoj-mora-da-gi-poseti-barem-ednash-03.jpg

Охрид, Македонија

Охридското Езеро е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, а градот Охрид е исполнет со историски цркви, манастири и антички урнатини.

destinacii-na-balkanot-shto-sekoj-mora-da-gi-poseti-barem-ednash-04.jpg

Белград, Србија

Енергичниот главен град на Србија нуди мешавина од историски места, жив ноќен живот и богата културна сцена.

Главните атракции ги вклучуваат белградската тврдина, црквата Свети Сава и раздвижениот кварт Скадарлија, познат по својата боемска атмосфера и традиционални ресторани.

destinacii-na-balkanot-shto-sekoj-mora-da-gi-poseti-barem-ednash-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg