12 причини зошто Данска е совршена земја за живот
Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната која е малку поразлична од нашата. Ни Данска не е исклучок, освен што земјата е позната и по „хиге“ - термин кој го измислиле Данците и кој на најубав начин го опишува уживањето...
Дури и да ви пречи студеното време, и луѓето кои не се многу љубезни на прва, Данска е прекрасна земја во која можете да видите многу и да уживате со сите сетила...
А ова се 12 причини зошто таа е совршена земја за живот:
Данска е една од најчистите земји во светот - луѓето се грижат за животната средина и скоро никаде не можете да видите ѓубре по улиците или во парковите.
Во Копенхаген можете да изнајмите бесплатно кајак ако ветите дека ќе го соберете ѓубрето што ќе го најдете додека се возите со него.
Образованието е многу евтино (таму каде што се плаќа).
Но, тоа е најчесто бесплатно, а студентите добиваат стипендии и не се грижат за животните трошоци додека студираат.
Жителите на Данска обожаваат да возат велосипеди, а земјата има одлична инфраструктура за тоа, со широки велосипедски патеки и зони само за велосипедисти.
Данците го измислиле зборот „хиге“ кој значи пријатно чувство, како кога си лежите дома, стуткани во меко ќебенце со топли чорапи и пиете топло чоколадо, додека надвор врне. И сето ова дополнето со многу свеќи.
Данците многу го ценат времето поминато со семејството.
Тие работат 37 до 40 часа неделно, а кога не се на работа, максимално се посветуваат на приватниот живот и саканите.