Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка
Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка или, пак, да го поминете времето скијајќи, упатете се кон Нижеполе во близина на Битола
Сместено во падините на Баба Планина, со надморска височина од 1.300 до 1.610 метри, Нижеполе е вистински рај за зимските денови.
Ски центарот располага со три ски-лифтови, а сезоната започнува од декември и трае до март.
Тука скијачите имаат можност и за скијање под ѕвезденото небо.
Бидејќи се наоѓа на само неколку километри од Пелистер, ова село нуди можност и за долги зимски прошетки.
Во селото се наоѓаат и неколку цркви, но можете да го посетите и Големото Езеро кое е во рамките на Националниот парк Пелистер.
Овие пејзажи се она што би сакале да го гледате секое утро, доколку сте љубители на снегот и зимските студени денови.