Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви и разочара таму?“

А најшармантен меѓу сите, ми беше малиот остров Point-a-Pietre Гвадалуп, а за да се стигне со него, прво такси, па бротче или кајак.

Овој остров е познат и како остров на игуаните, па можеа да видат на секој чекор како слободно си шетаат.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-11.jpg

Каде што се сретнуваат морето и океанот

Работењето на брод си има свои предизвици, но затоа пак имав можност да видам прекрасни дестинации, за кои не ни знаев дека постојат.

Една од поинтересните екскурзии од овој договор беше посетата на Timothy Hill од каде можеше да се види спојот на Карипското Море и Атланскиот Океан. Видиковецот на врвот на ридот беше преполн со туристи кои сакаа да го видат ова мало чудо на природата.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-07.jpg

Од едната страна, Карипското Море, а од другата Атлантскиот Океан и бранови кои се кршат во спротивни правци.

Ова е едно од најпознатите туристички дестинации на островот, оддалечено од пристаништето околу 45 минути. А возењето дотаму нè носеше низ интересни маала со специфична архитектура и во силни и весели бои.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-32.jpg

Пливање со делфини

На овој бродски договор, последен во мојата кариера како морнар, си исполнив една од моите желби од детски години, а тоа е пливање со делфини.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-13_copy_copy_copy.jpg

Нуркање, сноркел, пливање со sting rays и делфини се само дел од егзотичните понуди на островите во карипското море.

Мојата желба се исполни на островот Ст. Китс, во ресорт за делфини, и дефинитвно беше јаготка на шлагот за крај на мојата бродска кариера.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-20.jpg

Плативме за 45-минутна дружба со два делфини, Ајла и Гаја и тоа доживување никогаш нема да го заборавам.

Делфините се толку интелигенти и дружељубиви морски животни, а јас бев пресреќна што имав мала шанса од блиску да ги запознаам. Ресортот е на самиот брег, па тие слободно пливаат во морската вода, а не базени.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-03.jpg

А покрај сите убавини од кои си ги наситив и очите и душата, незаборавена ќе ми остане и карипската култура. Нивната облека во силни и весели бои, најчесто со тропски мотиви, традиционалните инструменти и музика со која нè дочекуваа на секое пристаниште и уличните забави за време на карневалот.

Ништо во светот не е совршено, па така и овие мали острови на Карибите, она што им недостасува во урбанизација и гостопримливост, го надополнуваат со недопрените дождовни шуми и рајските плажи.

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-08.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-15.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-16.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-17.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-19_copy.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-21.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-23.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-24.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-25.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-26.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-27.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-28.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-29.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-30.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-31.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-33.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-34.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-35.jpg

krstarev-niz-francuskite-karibi-dolgi-pesocni-plazi-prekrasna-priroda-no-siromashni-i-valkani-gradovi_-36.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / Фото: Приватна архива 



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg