Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бела Стена: Рајско островче без струја во близина на Белград (фото)

Скриен во близина на Белград се наоѓа скапоцен камен кој чека да биде откриен - островот Бела Стена во Дунав, волшебна и малку занемарена туристичка атракција.

rajsko-ostrovche-bez-struja-vo-blizina-na-belgrad-a-dotamu-mozhe-da-stignete-samo-so-chamec-01_copy.jpg

Пристапот до овој остров може да претставува мал предизвик, но не плашете се, бидејќи обично можете да најдете возачи на чамци кои ќе ве однесат таму и назад за разумна сума.

Покриен со листопадни шуми, главно тополи и врби, островот нуди одлични места каде што ќе се скриете до сонцето во топлите летни денови после долга прошетка.

Овде може да уживате во сончање, скари или излети.

На песочните брегови кои ги повикуваат сите да уживаат, можете да играте одбојка, фудбал и други спортови, обезбедувајќи бескрајна забава дури и за децата.

Наоколу има и продавачи на палачинки и крофни.

Во близина ќе најдете неколку ресторани и кафетерии кои служат одлична риба заедно со освежителни пијалаци. Вода за пиење нема (освен во локалите), па не заборавајте да си земете.

По должината на брегот чекаат скриени и мирни места за риболов, што ја зголемува привлечноста за туристите.

Ако сакате да се релаксирате и да ги оставите телефоните исклучени, тогаш ви го препорачуваме ова патување до Бела Стена кој веќе станува една од најатрактивните пикник дестинации во близина на Белград.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg