Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда

Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската и енолошката понуда се толку богати и автентични, што не стигнуваат да вкусат сè. Токму затоа, сите што дошле еднаш во овој предел, со задоволство му се враќаат повторно.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-01.jpg

Љубителите на планинскиот туризам од цела Европа, воодушевени од убавината на Фрушка Гора и нејзиниот регион, сè почесто го посетуваат ова мирно и идилично место во срцето на Војводина.

Понесени од приказните за вековната историја, дополнети со прекрасните манастирски комплекси, вкусната храна во војводинските салаши и питките вина произведени во семејните винарии, туристите и локалното население уживаат во сето она што го нуди ова уникатно место.

Фрушка Гора се наоѓа на околу 520km од Скопје. Денес е планина, а во минатото била остров среде море.

Се протега на околу 80km по јужниот раб на Панонската рамнина, во сливот на реките Сава и Дунав. Таа само на неколку места надминува надморска височина од 500m.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-04.jpgфото: Драган Куруциќ

Овој живописен ридски предел, кој е прошаран со многу долини и поточиња, во себе крие 22 манастири. Поради тоа, оваа планина е позната и како српската Света Гора.

Културното и историското наследство на овој предел се состои од селски цркви, археолошки локалитети и споменици на НОБ.

Најпосетувани туристички локации се бањата Врдник, гратчето Сремски Карловци, но и езерата и многубројните излетнички места.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-13.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Љубителите на активниот туризам, пак, имаат на располагање голем број патеки за пешачење и возење велосипед, но и можност за јавање коњи и адреналински парк.

Оние што го посетиле овој регион велат дека гастрономската и енолошката понуда се толку богати и автентични, што не стигнуваат да вкусат сè.

Токму затоа, сите што го посетиле еднаш овој предел, со задоволство му се враќаат повторно.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-12.JPGфото: Александар Милутиновиќ

Манастирите на Фрушка Гора

Зачуваните српски православни манастири се меѓу највредните споменици на Фрушка Гора. Во овој регион има дури 22 и секој од нив раскажува своја приказна.

Првите пишани информации за православните манастири на Фрушка Гора датираат од 1455 година. Тие се спомнуваат во писмото на деспотот Ѓурѓе Бранковиќ, последниот српски владетел пред Турците да дојдат во овој регион во 1459 година.

Големата обнова на манастирите на Фрушка Гора почна во третата деценија на 18-иот век. Со обновата се создаде посебна форма на барок (наречен српски барок), а се одрази во архитектурата на еднокорабните цркви со масивна камбанарија, но и во создавањето иконостаси и ѕидното сликање.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-10.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Поради значењето на црквите и манастирите за развојот на православните монашки заедници во Фрушка Гора, оваа област во 1946 година е прогласена за Национален парк.

Таа и денес има неисцрпна моќ да ги привлекува посетителите, учениците, студентите и аџиите.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-15.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Ако патот ве одведе во овој регион, не пропуштајте да посетите неколку од 22-та импресивни манастири. Што сè можете да видите?

Манастирот Света Петка е посветен на Св. Петка Римјанка. Изграден е 1884 година на местото каде што во минатото постоела дрвена црква.

Се верува дека е изграден покрај извор кој има лековити својства. Не се знае кој е основачот на црквата, но целиот комплекс денес има конак, извор на лековита вода и летен олтар посветен на Света Троица.

Од 2008 година тој е женски манастир.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-06.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Манасторот Врањаш е посветен на Св. Василиј Острошки.

Покрај изворот Врањаш, чии води во антично време го снабдувале Сирмиум, е изградена мала капела посветена на светците Козма и Дамјан.

Ликовите на овие светци и денес го одбележуваат изворот, а народот уште од античко време ја сметал водата за лековита.

Над изворот во 2014 година е изградена црква од норвешки бел бор, посветена на Св. Василиј Острошки. Комплексот манастирски конаци е завршен во 2018 година.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-09.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Манастирската црква Светите Архангели му е посветена на Св. Архангел Михаил.

Современата барокна камена црква на манастирот е осветена во првата половина на 18-тиот век. Таа била изградена до стар дрвен храм и се верува дека постои од 1625 година.

Поради децениското невнимание црквата станала руина, па во тек е големо обновување на овој храм. Црквата во моментов се реставрира однадвор и внатре, заедно со камбанаријата, а се градат и два конака.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-07.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Манастирот Свети Марко се наоѓа во атарот на Нови Карловци, а е подигнат во втората половина на 19-тиот век, во близина на лековит извор.

Според легендата, слепо момче се измило од водата на изворот и прогледало, па тука е изградена црква.

Храмот бил запуштен сè до првата деценија на 21-иот век, кога е прогласен за манастир посветен на Св. Марко. Во тек е реставрацијата на црквата и изградба на конак.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-08.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Во манастирскиот комплекс Савинец се наоѓа црква посветена на Пренесувањето на моштите на Св. Сава.

Не се знае ниту кога е изградена, ниту кој е ктитор на црквата чии урнатини се наоѓаат во Стари Лединци.

Се смета дека е дел од тврдина која припаѓала на стратешки важниот средновековен комплекс Думбово. Археолошките истражувања не дадоа одговор на прашањето од која вера биле градителите и верниците на оваа црква.

Некои истражувачи веруваат дека станува збор за римокатолички храм, а поновите гледишта сугерираат дека се работи за остатоци од средновековниот православен манастир Свети Сава од 13-иот век.

Денес остатоците од црквата се под заштита на Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Нови Сад.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Винските патишта на Фрушка Гора

Освен восхитувачките манастирски комплекси, Фрушка Гора привлекува и со својата енолошка понуда.

Изборот на вината е неограничен, а има по нешто за сечиј вкус, и бели и црвени.

Појавата на лозарството во Фрушка Гора раскажува возбудлива приказна.

Лозовите насади датираат од времето на владеењето на императорот Марко Аврелиј Пробус. Тој дозволил да се садат лозници и во римските провинции.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-02.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Исчезнувањето на Римјаните од историската сцена не ги загрозило лозјата на Фрушка Гора, бидејќи унгарското и словенското население, кое ги преплавило широките панонски простори, продолжило да ги обработува лозјата.

Винските патишта во Фрушка Гора се поделени на шест правци. Во нив доминираат мали семејни винарии, но и поголеми производители на висококвалитетно вино.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-14.jpgфото: Александар Милутиновиќ

Како најлесно да најдете сè?

Сите тие, заедно со манастирските комплекси, но и најважните туристички атракции, винарии, ресторани, пешачки патеки, јавен превоз во Војводина, се обележани на дигиталната и печатена мапа на Нови Сад и Фрушка Гора.

На мапата се наоѓаат речиси 600 точки, важни за туристите, но и за локалното население.

Па кога следниот пат ќе одите во Војводина, тргнете барем по еден вински пат во Фрушка Гора, посетете неколку манастири и дознајте зошто туристите одново му се враќаат на овој уникатен дел од земјата.

frushka-gora-biserot-na-vojvodina-koj-kje-ve-pleni-so-vekovnite-manastiri-i-vinskata-ponuda-19_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg