Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми разбуди носталгија

Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со слатки сеќавања беше посетата на легендарното село на Попај, симпатичниот морепловец од малите екрани кој нè научи дека спанаќот нè прави силни и непобедливи. Малото живописно село е сместено во прекрасниот залив Сидро, во северозападниот дел на Малта.

go-posetiv-seloto-na-popaj-mornarot-vo-malta-rajska-destinacija-so-plazhi-koja-vredi-da-ja-vidite-01.jpg

Во моето скоро десетгодишно бродско искуство ги имам посетено речиси сите медитерански држави и имам пловено низ Јужна Америка и француските Кариби. Но, земјата која навистина ме изненади со својата впечатлива убавина, азурните морски хоризонти, добро зачуваната архитектура со арапско влијание е Малта, малата островска држава во срцето на Средоземното Море.

Ја имав посетено неколкупати, но кратко, доволно за неколкучасовна посета на Стариот град, кој е право уметничко дело, спој на старата архитектура и прекрасни мали градини.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-04.jpg

Но, оваа година мојот крузер беше закотвен три недели во пристаништето за одржување бродови во предградието Паола, во главниот град на Малта, Валета.

И додека мајсторите го средуваа нашиот пловен дом, ние, екипажот, конечно имавме слободно време да го истражиме овој мал медитерански рај. Од малите скриени плажи низ островите, до лудиот ноќен живот, вистински ја доживеавме Малта.

Но, она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со слатки сеќавања беше посетата на легендарното село на Попај, симпатичниот морепловец од малите екрани кој нè научи дека спанаќот нè прави силни и непобедливи.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-06.jpg

До рајското село има редовна автобуска линија од главната станица во Валета, која е околу две евра, а има и комбиња-такси за поголеми групи, кои наплаќаат по пет евра и ве носат до вашето сместување.

Малото живописно село е сместено во прекрасниот залив Сидро, во северозападниот дел на островот.

Цената на еднодневна посета е од 13 до 15 евра, зависно од сезоната. Ние го посетивме во ноември и плативме по 13 евра.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-08.jpg

По завршувањето на филмот Popeye од 1980-та, продуцентите го оставиле селото на локалното население, а тие го трансформирале во туристичка атракција, комбинација од музеј, фантастични филмски сцени, интересни игри инспирирани од таа епоха и мала плажа.

Селото кое денес е задолжителен дел од туристичка понуда на Малта е изградено во 1979 година за снимање на филмот за Попај, според стриповите на Елзи Крислер Сигара.

Заливот со облик на сидро, од каде и го носи името, бил избран од Дизни како одлична локација за снимање на филмот на нашиот омилен морепловец. Попај на малите екрани го донесе незаменливиот Робин Вилијамс.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-12.jpg

Филмскиот сет почнал да се гради пред 44 години, а за се долови автентичноста на селото Свитхеван, во кое Попај дошол да го бара својот татко, бил донесен дрвен материјал од Канада и Холандија.

Пекара, аптека, бар, домот на Олива и Попај, забар и пожарна се дел од филмскиот сет во кој се враќате назад во времето. Мене омилена ми беше пожарната, во која можевме на влеземе, а од малата тераса имавме воодушевувачки поглед на целото мало рајско село. Иако требаше да се качуваме еден по еден, на мали и тесни скали кои со секој чекор звучеа дека ќе се распаднат. Но, и тоа е дел од искуството и шармот.

Интересен факт за оваа необична туристичка атракција е дека на неговата изградба работеле 165 мајстори во текот на седум месеци, а биле потрошени осум тони шајки и седум илјади литри боја.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-16.jpg

Бидејќи селото е на брегот на заливот, во лето има и мала плажа, со дрвени балдахини, одлични за одмор по прошетката низ домот на Попај и неговата сакана Олива.

Мој совет - посетете го рано наутро, штом отвори, а потоа попладнето поминете го на плажата уживајќи во азурниот Медитеран.

Иако беше средина на ноември, ние скокавме во сината морска вода - беше ладна, но освежителна.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg