Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми разбуди носталгија

Симпатични, насмеани и спремни за дружба, Попај, неговата сакана Олива и ривалот Дибек нè пречекаа на влезот на селото.

Веднаш нè информираа за дневната програма, за шоута на сцената пред пожарната кое беше двапати дневно, за киното во кое имаше проекција за легендарниот филм и за сите мали скриени катчиња со интересни и друштвени игри.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-20.jpg

Актерите, исто како и целото село, беа со автентична облека, што уште повеќе нè враќаше назад во детските години. Се дружеа со децата и не одбиваа фотографии, а се прилично добри модели во стилот на хероите од филмот.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-24.jpg

А за заокружување на целиот ден во филмски стил, и ние бевме дел од продукцијата на малтешкиот Дизни.

На крајот на посетата, Попај ги праша посетителите кој сака да биде дел од нивната импровизирана и кратка верзија на Попај морнарот.

Секако дека јас и моите колеги од бродот ја прифативме оваа неодолива понуда, а Попај покрај што е херој, се покажа и како одличен продуцент и камерман.

Снимањето траеше околу половина час, а по експресната пост-продукција, нашиот филм беше премиерно прикажан во киното. Плативме пет евра за да добиеме копија од ова ремек-дело.

Селото затвори околу 18 часот, совршено време за да се заврши денот со волшебно зајдисонце над заливот, како јаготка на шлагот.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-28.jpg

Сонцето полека се губеше во азурната морска шир, играјќи си со сенките од карпите на заливот.

Иако беше малку опасно да се стои на самиот раб, со многу внимание и мали чекори, најдовме совршено место за да бидеме сведоци на природната убавина.

Сепак, Медитеранот не бил Медитеран без тие волшебни зајдисонца кои оставаат без здив.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-30.jpg

Ако ова лето Малта е вашиот избор на одмор, покрај Гозо и Комино, Paradise Baqy и Blue Grotto, најдете време да го посетите селото на Попај и да се потсетите на безгрижните детски дни и чинија спанаќ.

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti.jpg

seloto-na-popaj-atrakcija-na-malta-koja-vredi-da-se-poseti-02_copy.jpg

Повеќе фотки од шармантното село на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg