Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел

Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност? За оние што ќе ми дадат потврден одговор ќе им кажам дека во последно време, Брисел стана платно за многубројни белгиски, но и меѓународни уметници. Токму овие артисти од градот направија еден живописен простор исполнет со многу мурали, графити и разноразни уметнички дела.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 1

Многумина за Брисел велат дека е галерија на улична уметност, и тоа на отворен простор.

Без разлика во кој дел се наоѓате, бидете подготвени да налетате на ѕидови суптилно разубавени или огромни површини пропратени со белгискиот немирен хумор.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 8

Верувам дека секој од нас во својот мобилен телефон има слободен простор за нови фотографии кои нè потсетуваат на моментите од нашите патувања.

И, вие нема да го оставите мобилниот смрзнувајќи ги оние живописни делови од градот кои за туристите се мелем за очи и душа.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 12

Од друга страна, пак, многумина се запознаени дека Белгија е позната и по стрип индустријата, па токму поради тоа во Брисел постои рута за улична уметност која содржи различни мурали на белгиски и француски стрип ликови. Тоа не се пропушта.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 3

Ако не се лажам, мислам дека има околу 50 мурали, скоро сите се позиционирани во центарот на Брисел, но ги има и оние што се надвор од него.

Така што, кога ќе бидете во Брисел дајте си можност да откриете дел од овие мурали кои гласно зборуваат за историјата и традицијата, а истовремено ќе ги посетите и атракциите на градот кои можеби се наоѓаат од ваша лева или десна страна, или една уличка подолу.

Ако некој се реши да ја изоди оваа рута, мислам дека ќе му треба околу 3 часа.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 9

Тука споделувам само еден дел од онаа што се крие низ улиците на Брисел, за другото ќе препуштам да го спознаете преку личното искуство.

Со добри патики и сонце, ќе имате 100% исполнет ден со по некоја слатка вафла, порција пржени компирчиња и многу пива.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 2

И уште ова! Мене муралот со штрумфовите кој се наоѓа на главната железничка станица ми е омилен.

ulicnata umetnost i sharmantnite murali niz ulicite na brisel 7

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg