50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава?
Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако некогаш беше доволно да нарачаш по едно кафе и да го поминеш денот на лежалка, сега е ретко да се најде бич бар каде важат овие услови. Какви се цените во бич баровите на првиот, а какви на вториот крак во Грција?
Првиот крак е значително поскап од вториот, па има и разлика во цените за сет лежалки на плажа.
Во Пефкори во три барови кои се еден до друг, важат комплетно различни цени:
1. Los Hermanos
Минималната консумација по лице е 20 евра за лежалки во прв ред и 15 евра во останатите.
2. Fiki Beach Bar
Минимална консумација во прв ред е 50 евра по човек, на луксузните лежалки во втор и трет ред – 40 евра по лице, на помалку луксузните лежалки – 30 евра по човек.
3. Rigakis Beach Bar
Еден од ретките барови каде лежалките и креветите се гратис со само еден пијалак.