Холанѓанец воодушевен од Македонија: „Таксистите во Скопје не пробуваат да те измамат, Охрид е спектакуларен“

„Вторпат го посетив Скопје и моите позитивни импресии за градот не се сменија - прекрасен град со неверојатни луѓе. Дури и таксистите што ме возеа беа пријатни и не се обидоа да ме измамат (а тоа зборува многу). Охрид е спектакуларен, а поради Матка вреди да скршнете од патот и да го посетите овој природен резерват“, вели Холанѓанецот Лук Патрик кој е воодушевен од Македонија.

holangjanec-6-meseci-sam-patuva-niz-evropa-taksistite-vo-skopje-ne-probuvaat-da-te-izmamat-ohrid-e-spektakularen-01.jpg

Холанѓанецот Лук Патрик, кој е инфлуенсер за патувања и има преку 85.000 следбеници на Инстаграм, веќе 6 месеци патува сам низ Европа.

Тој објавува фотки и видеа од своите авантури, и споделува приказни и искуства со своите следбеници за местата што ги посетил.

Лук неодамна беше и во Македонија. Тој помина три дена во Скопје и Охрид, па со восхит зборува за земјата.

Во едно од своите видеа тој „додели награди“ за земјите од регионот, па според него, Македонија е најевтината земја во регионот, а трета е по гостопримливоста, веднаш по Турција и Србија.

Откако го заврши патувањето во Македонија, тој ги раскажа своите впечатоци за земјата:

„Моите 3 дена во Македонија поминаа многу брзо. Сакам да ѝ се заблагодарам на Серафина која ми дозволи да спијам на нејзиниот кауч и која ме прошета низ нејзината убава земја.

holangjanec-6-meseci-sam-patuva-niz-evropa-taksistite-vo-skopje-ne-probuvaat-da-te-izmamat-ohrid-e-spektakularen-04.jpg

Вторпат го посетив Скопје и моите позитивни импресии за градот не се сменија. Тоа е прекрасен град со неверојатни луѓе.

Дури и таксистите што ме возеа беа многу пријатни, ми помагаа и не се обидоа да ме измамат (а тоа зборува многу).

holangjanec-6-meseci-sam-patuva-niz-evropa-taksistite-vo-skopje-ne-probuvaat-da-te-izmamat-ohrid-e-spektakularen-03.jpg

Откако го истражив Скопје, се упатив кон најголемиот туристички магнет во земјата, Охрид.

Охрид е спектакуларен и не ми е јасно зошто не се спомнува во разговорите во кои се зборува за убавините на Дубровник или Венеција.

holangjanec-6-meseci-sam-patuva-niz-evropa-taksistite-vo-skopje-ne-probuvaat-da-te-izmamat-ohrid-e-spektakularen-02.jpg

Последниот ден го поминав со мојата прекрасна домаќинка Вирџинија. Бевме на кањонот Матка, природен резерват на 1 час возење од Скопје со автобус.

Исто како и Охрид, вреди да скршнете од планираната рута за да го посетите. Нема да поверувате што гледате“.

Лук објави и видео од денот поминат во Охрид, па се пофали дека за 26 евра стигнал до градот, бил на ручек и ја посетил Самуиловата тврдина.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg