5 правила како да носите широка облека, а да не изгледате „запуштено“
Цела есен и зима се во знакот на широките XXL џемпери, кардигани, наметки и предимензионирани капути.
Но, покрај комфорот и топлината кои ги нудат, имаат еден голем минус – многу лесно може да направат да изгледате како запуштена вреќа, доколку не ги комбинирате паметно.
За да не го постигнете овој непосакуван ефект, важно е да следите 5 правила:
1. Рамнотежа на силуетата
За да постигнете рамнотежа, важно е да се ограничите на само едно парче со XXL големина. Големите дебели џемпери секогаш се комбинираат со тесно здолниште, тесни чизми, хеланки или тесни фармерки. Широките модели на панталони и здолништа се забранети.
2. Ременот е полн погодок од аксесоар
Ако сакате вреќести џемпери, ременот е задолжителен. Исто важи и за капутите. Не се плашете да ставите украсен ремен над капутот.
3 .Носете барем едно женствено парче на вас
Било кое XXL парче облека секогаш делува по малку машки, па заради баланс, комбинирајте со нешто женствено. На пример, цветен принт, сатен или тантела.
4. Комбинирајте со висок струк
Предимензионираните парчиња облека секогаш одговараат одлично со висок струк. Така ја нагласувате половината и ги истакнувате облините.
5. Кога сте несигурни, ставете го џемперот во панталони
Сите преголеми парчиња облека ќе изгледаат поелегантно и посредено доколку предниот дел го вметнете во панталоните или здолништето. Ова важи посебно за меките и опуштени џемпери.
М. Д. | Црнобело