Предлог комбинации: Како да носите црвено во пролет?
Црвената е боја на страста и љубовта, а има и магична моќ да ни измами насмевка на лицето.
Повеќе има статус на модна класика, отколку на тренд, но тоа не значи дека нема да изгледате атрактивно, модерно и актуелно кога и да облечете нешто црвено на себе.
Оваа сезона таа не е во фокусот, но е присутна во колор-блок комбинациите кои ќе ја одбележат пролетта.
Многу жени ја обожуваат, но постојат и такви кои целосно ја избегнуваат. Сепак, ви се допаѓала или не, едно е сигурно - црвената боја привлекува внимание, а најчесто ја носат жени со висока самодоверба, но и стил.
Нашиот совет е, доколку не ви е на врвот на омилени бои, да додадете барем мал црвен детаљ на гардеробата, или, пак да одберете кармин за усни или лак за нокти во оваа боја. Многу наскоро, ќе ја откриете и вие нејзината моќ.
Црвено здолниште, палто, чевли или аксесоар – изборот е ваш. Црвената секако ќе го направи повпечатлив вашиот изглед.
Во продолжение, ви нудиме 23 преубави модни комбинации во кои токму црвената боја е протагонист.
Инспирирајте и бидете забележани на градските улици:
М. А. | Црнобело