8 модни парчиња што вреди да ги купите оваа есен (дури и ако гардероберот ви е преполн)
Мантил со маслинеста боја и црни мокасини – со кои парчиња ќе бидете тренди оваа есен?
Без разлика колку облека имаме, секоја сезона, сите сакаме да се подновиме со нешто.
Ако се двоумите што да си купите оваа есен, обрнете внимание на трендовите.
Осум парчиња што ќе бидат хит есенва:
Кошула во бохо стил
Бохо стилот повторно се враќа во мода, и тоа не само за летни комбинации.
Есенва вистински хит ќе бидат бохо кошулите, со широки ракави и карнери.
За полесно да ги комбинирате, држете се до понеутрални бои.
Облека и чевли со животински принт
Есенските монохроматски комбинации ќе изгледаат повпечатливо со чевли со животински принт.
А, здолништата и кошулите со ваков принт изгледаат мошне добро со минималистички парчиња.
Мантил со маслинеста боја
Маслинестата е една од хит нијансите за оваа есен и ѝ дава доза луксуз на секоја комбинација.
Долгите мантили со оваа нијанса, пак, одлично се вклопуваат во секоја есенска комбинација.
Чанта во бордо боја
Уште една нијанса која ќе биде голем хит есенва.
Чантата со бордо боја ќе изгледа одлично со маслинестиот мантил, а може да биде одличен впечатлив детаљ за минималистичките комбинации.