Водич за мажи: Како да негувате бизнис - кежуал стил?

Личниот стил е нешто кое не треба да го запоставите дури ни кога станува збор за облеката која секојдневно ја носите на работа...

vodic-za-mazi-kako-da-neguvate-biznis-kezual-stil-001.jpg

Начинот на облекување е нешто кое го дефинира секој од нас како посебна единка и е нешто од кое не треба да отстапуваме, истовремено задржувајќи ги правилата за пристојно облекување на работа.

Сите ние знаеме дека кога станува збор за мажите најприфатливиот деловен стил на облекување е оделото. Но, сте помислиле ли некогаш на комбинацијата од деловен и кежуал стил?

Ова е стил кој во никој случај не смеете да го потцените токму заради неговата можност да се изразите себеси и да го покажете сопствениот стил, не отстапувајќи од правилата за деловен изглед.

Не постои строга дефиниција за бизнис-кежуал стил. Она што најдобро го опишува е стил на облекување кој не отстапува многу од деловниот стил, но сепак ви дозволува да додадете личен печат со парчиња кои се опуштени, сепак без да ја преминете границата со парчиња кои би ги носеле за секојдневна прошетка.

Кошули

Сите знаеме како стојат класичните кошули со неутрална боја со кои ќе изгледате исто како и сите останати во канцеларијата. Она што ќе ви помогне да се истакнете, се кошули со поживи дезени и материјали со поизразена текстура и боја.

Сепак имајте на ум дека сте во канцеларија и не дозволувајте лудиот принт да биде првото нешто што ќе го привлече вниманието на директорот.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-02


Панталони

Чино панталоните се одличен избор бидејќи ви даваат кежуал изглед, но сепак ја задржуваат сериозноста која е потребна за во канцеларија. Кога станува збор за бои, изберете неутрални бои како црна, сива, крем и нема да погрешите. Водете сметка панталоните да не бидат премногу широки или предолги.

Исто така, темните фармерки се добра опција. Само внимавајте да немаат излитени и искинати делови.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-03


Чевли

Добрата работа при приспособувањето на личниот стил кон деловниот стил е што можете да искористите голем број парчиња кои веќе ги имате во вашиот гардеробер. Чевлите со врвки и мокасините се нешто кое можете да го додадете во изборот, но водете сметка за боите и материјалот од кој се изработени.

Велурот и мат кожата се навистина приспособливи и ќе додадат нота на опуштеност во вашиот изглед. Црната боја е класиката која одговара на бела кошула, но доколку се одлучите за кошула во пастелни нијанси - светло или темно кафеавите чевли ќе бидат вистинскиот избор.


Спортски сакоа

Спортски сакоа за бизнис-кежуал стил не треба да бидат премногу формални, но сепак треба да ви даваат сериозен изглед. Изберете спортско сако од лесен материјал, во кое истовремено ќе изгледате професионално но не премногу конзервативно.

При изборот на сако е важно тоа добро да стои на вашето тело а не да изгледа како нешто кое целосно ве прекрива.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-04


Волнени џемпери

Најдобриот совет за совршен бизнис-кежуал стил лежи во изборот на совршен џемпер. Она што од нив прави совршени парчиња облека за секоја пригода е лежерниот елемент кој го внесуваат во секоја комбинација.

Џемперот облечен врз кошула ќе го задржи деловниот стил кој го наметнува канцеларијата, но истовремено ќе му додаде нота на опуштеност без да се чувствувате непријатно.

Изберете џемпер со заоблен горен дел кога станува збор за покласичен изглед или V-отвор надополнет со копчиња за поопуштен изглед.

Vodic-za-biznis-kezual-stil-na-oblekuvanje-za-mazi-05

Колку и да звучи комплицирано, изгледа едноставно.

Откако ја научивте „теоријата“, време е да се испраксирате со неколку комбинации. Овие идеи ќе ви бидат од помош:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 лесни модни правила со кои секогаш ќе изгледате стилски, без многу труд Давајте предност на класика наместо на сезонски трендови, планирајте аутфити одв...
7 стилски модни комбинации за тазе породени мајки (на кои комфорот им е на прво место) Телото на жените во бременоста и по породувањето се менува многу, и сосема е нор...
8 минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате во 2025-та Широк костим (или барем сако), класична црна чанта која се носи со буквално сè и...
Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото) Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новин...
6 комбинации на бои за ефект на „тивок луксуз“ Белата и сребрената се одличен спој, особено за вечерни излегувања, ако сакате д...
Скапи брендови, необични форми - Какви чанти доминираа на Скопски моден фестивал 2024? Yves Saint Laurent, Karl Lagerfeld, Louis Vuitton се само дел од светските бренд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg