Алмедина Исмајли - македонска новинарка со впечатлив стил (фото)
Од елегантни фустани до спортски комбинации и многу корсети - македонската новинарка Алмедина Исмајли плени и со убавината, и со стилот.
Новинарката и презентерка на вести на ТВ21, Алмедина Исмајли, има впечатлив моден стил.
Таа најчесто избира парчиња и модни комбинации кои го истакнуваат обликот на нејзиното тело, но и пошироки модели во кои се чувствува удобно.
Обожава корсети со исечоци од страните, фустани и долги здолништа кои ја следат линијата на телото, но и впечатливи палта - шарени и еднобојни, кои не се секогаш со класичен крој.
Во плакарот на Алмедина има и голем број чанти, чевли, чизми и патики, но и накит, со кои прави интересни модни комбинации.
Што се однесува до боите, пак, таа најчесто избира бела, црна и сива, но и весели нијанси - розова, црвена, зелена...
Повеќе фотографии во галеријата:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм