6 комбинации на бои за ефект на „тивок луксуз“
Белата и сребрената се одличен спој, особено за вечерни излегувања, ако сакате да изгледате „скапо“.
Покрај old money, еден од најпопуларните модни трендови периодов е познат како „тивок луксуз“.
Трендот се однесува на парчиња облека и комбинации кои изгледаат луксузно, но на кои не се гледаат имиња или логоа на скапи брендови.
Кај овој тренд доминираат претежно минималистичките комбинации кои изгледаат „скапо“, доста често во понеутрални нијанси, но и паметно комбинирање на потемните.
За разлика од old money, кај „тивкиот луксуз“ не се става аакцент само на елегантни и безвремени парчиња, туку фокусот е на тоа да изгледате скапо, без покажување брендови.
Шест комбинации на бои со кои ќе го постигнете овој ефект:
Црвена и црна
Бела и сребрена
Бела и боја на ф’стак
Сива и бордо
Бела и кафеава/крем
Бела и тексас
Спирова С. | Црнобело