Од кич до кралска елеганција – Познатите дами кои го украдоа вниманието на Париската модна недела ‘25
Џорџина Родригез е кралица на модниот невкус иако некогаш работела во луксузен бренд, Џесика Алба и Наоми Кемпбел го испочитуваат софистицираниот гламур на Chanel, Хејли Бибер ги покажа долгите и тенки нозе во сјајно сако, а во Париз минатата недела прошетаа и ѕвездите од Gossip Girl.
Париската модна недела започна на 3 март, а завршува денес, 11 март, период во кој голем број познати модни куќи ги претставија своите колекции за есен/зима 2025.
Покрај звучни имиња како Christian Dior, Stella McCartney, Tom Ford, Balmain, Givenchy, Victoria Beckham, Hermes, Elie Saab, Valentino, Balenciaga, Louis Vuitton, Chanel и многу други, своја ревија имаше и нашиот Златко Јовановски.
За претставувањето на познатите модни куќи, во градот на светлината продефилираа и многу славни дами, кои присуствуваа на дел од ревиите и оставија моден печат со своите стајлинзи.
Џесика Алба и Наоми Кемпбел ја проследија Chanel ревијата облечени во софистицирани аутфити од твид, препознатливиот материјал за овој бренд.
Викторија Бекам се појави во панталони со мантил и големи очила за сонце, а Џорџина Родригез покажа доза невкус со стајлингот.
Погледнете како изгледаа некои од најпознатите дами во Париз за време на Модната недела:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





