Модерни машки палта за зима 2013/2014
Машките палта оваа сезона се помодерни отколку минатата, иако секоја зима се задолжително парче гардероба која го надополнува вашиот дневен, лежерен, вечерен или деловен изглед.
Кога се работи за изборот на палтото, имајте на ум дека тој не треба да ви стои како и сакото, туку мора да биде бар 1 број поголем за да можете да го носите заедно со сако или преку дебели џемпери.
Што значи, имајте го на ум слоевитото облекување.
Не мора да го купите најскапото палто кое ќе го видите, но внимавајте на квалитетот.
Што се однесува до боите, доколку ви е потребно палто кое ќе ви одговара и на елегантни и на лежерни комбинации, задржете се до неутралните тонови како сивите, црните или крем нијансите.
Но, ако сте маж кој сака да биде забележан по својата уникатност, не плашете се да одберете зелен, светло син, темно портокалов или темно црвен модел. Сите бои се подеднакво модерни оваа сезона.
А што се однесува до моделите, еве каков избор имате: