Моден двобој: Каролина Гочева vs. американска актерка - која го носи подобро фустанот од македонска дизајнерка?
Црната креација од македонската дизајнерка Моника Димова, Каролина ја носеше во 2023, а сега ја облече и млада американска актерка - на која ѝ стои поубаво?
Нашата модна дизајнерка Моника Димова, неодамна ја облече младата американска актерка и инфлуенсерка Медисон Рид, за доделувањето на Билборд наградите 2025.
Медисон на синиот тепих се појави во црна креација од македонската дизајнерка.
Истата оваа креација во декември 2023 ја носеше нашата поп-принцеза Каролина Гочева, на фотосесија за домашен бренд за накит.
Инаку, Медисон е млада и полусестра на познатата глумица Викторија Џастис, која е една од омилените актерки на Nickelodeon.
Полуестрите дојдоа заедно на доделувањето на музичките награди и го привлекоа вниманието со својот изглед - Медисон во црниот фустан од Димова, а Викторија во бел фустан.
Моника Димова, чиј моден бренд се фокусира на елегантни фустани и луксузни парчиња облека, на своите Инстаграм профили објави неколку фотки од синиот тепих.
Погледнете ги Каролина и Медисон во продолжение и кажете ни - на која ѝ стои подобро оваа креација?
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





