7 парчиња облека кои секогаш делуваат луксузно и скапо, според стилисти на богати

Елегантно сако и пар класични чевли – кои парчиња облека им се омилени на богатите и одлично се вклопуваат во трендот „тивок луксуз“?

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-01.jpg

Не можеме сите да си дозволиме личен стилист и скапа дизајнерка облека.

Но, со паметно купување и комбинирање, можете да изгледате луксузно и скапо без да потрошите цело богатство.

Стилисти откриваат кои се омилените парчиња на богатите со кои ќе изгледате добро, дури и ако ги купите по ниска цена:

Елегантно сако

Сакоата никогаш не излегуваат од мода, а можат да ја подобрат секоја комбинација.

Добри се за вечерни излегувања, но и за полежерни комбинации со фармерки и патики.

Идеално би било ако можете да си сошиете сако.

Доколку не сте во можност, тогаш однесете ги сакоата на шивач за да ги преправат според ваша големина – според стилистите, ова е тајната зошто сите славни изгледаат беспрекорно во нивната облека.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-02.jpg

Кожени парчиња

Кожните парчиња ѝ даваат доза луксуз на секоја комбинација, само важно е да не претерате.

Во секоја комбинација, доволно ви е едно кожено парче, без разлика дали панталони, мантил, јакна, здолниште…

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-3.jpg

Класични чевли

Секој треба да има еден пар класични чевли – и мажите и жените.

Кај мажите, класичните чевли се идеални за деловни и поформални комбинации, додека кај жените класичните штикли се идеални за вечерни излегување и важни настани.

Најдобро е да се во црна боја, за лесно да ги комбинирате со сè.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-4.jpg

Монохроматски комбинации

Кога се двоумите што да носите, нема да погрешите со монохроматска комбинација.

Овие аутфити секогаш изгледаат луксузно, а се доволно суптилни за да не делувате нападно.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-05.jpg

Мала чанта

Минијатурните чанти не се секогаш практични.

Но, кога целта ви е да изгледате елегантно и луксузно, можат да бидат одличен избор.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-06.jpg

Џемпер од кашмир

Вреди да купите барем еден џемпер од кашмир бидејќи не само што изгледаат луксузно, туку топлат и траат многу долго.

Квалитетниот џемпер од кашмир одлично се вкопува во трендот познат како „тивок луксуз“.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-07.jpg

Уникатен накит

Не секој може да си дозволи накит направен по нарачка.

Но, ако сакате да изгледате скапо и впечатливо, избегнувајте да следите минливи трендови.

Кога купувате накит, избирајте уникатни парчиња кои не се многу нападни, а кои прават разлика во целиот изглед.

7-parchinja-obleka-koi-sekogash-deluvaat-luksuzno-i-skapo-spored-stilisti-na-bogati-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
18 парчиња облека кои жени ги сошиле дома, а личат како да се од продавница (фото) „Си го сошив фустанот за церемонија на доделување награди. Материјалот со свилен...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg