Талија од „Росалинда“ блесна во креации на нашиот Златко Јовановски: „Ѝ ги испратив на домашна адреса, Vogue ги нарече величествени“

„Костимот со зелени циркони мораше да биде спектакуларен, а другата креација беше црвена наметка - долга 6 метри и широка 4 метри“ - вели дизајнерот Златко Јовановски за CRNOBELO.com, чии дизајни за Талија, светскиот магазин Vogue ги нарече „величествени“.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-01.jpg

Македонскиот дизајнер со светско реноме, Златко Јовановски, повеќе од една година креира за една од најголемите латино ѕвезди, но и најмоќни жени во шоубизнисот - Талија.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-17_copy.jpg

Пејачката и актерка, која се прослави со улогата на Росалинда во истоимената теленовела, носеше две креации од нашиот Златко на неодамнешното вклучување на светлата на новогодишната елка пред Рокфелер центарот во Њујорк.

А креациите, кои ги виде целиот свет, беа толку впечатливи, што дури и Vogue не остана рамнодушен, па иако Талија носеше креации од тројца дизајнери, само името на Златко беше вклучено во нивниот прилог.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-09.jpg

Златко, не крие колку е горд на себе и на неговиот тим, па во разговор за CRNOBELO.com, ни откри детали околу соработката со Талија, а ни ги сподели и скиците од креациите што ѝ ги понудил на пејачката, пред да почне со изработката на костимите.

„Кралицата на латинскиот поп, мега ѕвездата Талија ги промовираше своите нови божиќни песни на големата сцена во Њујорк и за овој повод ме ангажираа токму мене.

Јас за проектот и за самиот албум знам уште од многу поодамна, пред тој да се обелодени, затоа што ми беше испратен како инспирација за креациите.

А мене ми е посебно драго што повторно соработувам со Талија, па во оваа пригода за неа направив две креации.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-12.jpg

Нормално, препознатлив за мене и за мојот бренд, беше костимот везен со стаклени камења и многу монистри, за да има голем сјај на светлата на сцената.

Одзади, пак, има машна од црвено кадифе која што беше огромна и многу тешка да се спакува за транспорт.

Но, костимот мораше да биде спектакуларен бидејќи знаев дека ќе настапи на голема сцена и многу важен настан - откривањето на новогодишната елка пред Рокфелер центарот во Њујорк.

Другата креација, пак, беше црвена наметка, која беше долга 6 метри, а широка 4 метри.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-07.jpg

Иако имам слобода во дизајнот, овој пат костимот беше правен по нарачка, за конкретен настан, па затоа добив и одредени референци - дека мора да е комбинација од зелено и црвено, поради сценариото, но и дека мора да биде едноделен комбинезон, крој сличен како оној што го правевме за неа за настапот во Лас Вегас.

Прaтив неколку скици и тие избраа една. Но, со вас ќе ги споделам сите скици, пшшшшшт.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-18.jpg

Што се однесува до тоа како и каде ги испраќам креациите, најчесто ги праќам на домашна адреса (со ова се издадов дека ѝ ја знам адресата на Талија, но за жал не ве носам со мене на гости ако некогаш одам јас таму ха, ха).

Ги испраќам во договор со нејзините лични асистенти, бидејќи зборуваме за ултра голема ѕвезда, која секојдневно има голем тим околу неа.

Овој пат костимот требаше да стигне кај неа 3 недели порано поради сценските проби.

Искрено, јас побарав уште 3 дена плус од договорениот термин затоа што сакав да веземе уште и луѓето од нејзиниот тим не направија никаков проблем. Ми веруваат, не соработуваме првпат.

Дури од кога пратив видео како стои на кукла во моето ателје, немавме никакви забелешки, а ми кажаа и дека на неа одлично ѝ прилегал, така што немало потреба од никакви корекции таму на лице место.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-10.jpg

За овој костим пишуваше и Vogue. Талија носеше три различни костими од три различни дизајнери.

Еден од нив сум и јас, ама посебно ми е драго што овој светски моден магазин го избра само мојот костим како најспецијален.

Vogue го напиша само моето име за креацијата, па ќе цитирам:

‘Помеѓу секоја од песните, Талија правеше промена на гардеробата. И иако сите беа величествени на свој начин, не можеме да престанеме да размислуваме за бодито со зелени монистри, комплетно со црвената наметка во облик на машна - креација на дизајнерот Златко Јовановски’.

Kога Vogue ме фали, значи стварно сум на вистинскиот пат.

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-01_1.jpg

Мене ми е срцево исполнето и душава на место кога ќе ги видам моите креации на толку големи сцени и светски важни настани и толку битни и влијателни дами во јавниот свет.

Јас знам и да се нашалам, но секоја шала е и пола вистина, нели?

Всушност, јас сум македонскиот амбасадор, лик кој е битен за македонската култура и дефинитивно име кое ќе биде важно за македонската модна историја“.

Повеќе фотографии од настапот на Талија и предлог-скиците од Златко за костимот:

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-14.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-15.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-13.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-06.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-03.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-02.jpg

talija-od-rosalinda-blesna-vo-kreacii-na-nashiot-zlatko-jovanovski-kostimite-i-gi-isprativ-na-domashna-adresa-vogue-gi-nareche-velichestveni-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски? Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Лат... „Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги но...
Златко Јовановски ја облече наследничката на империјата Swarovski: „Верувајте во чуда, бидејќи чуда ... „Сопственичката на брендот Swarovski носи моја креација. Драги пријатели, што и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg