Златко Јовановски со впечатлива креација за Талија од „Росалинда“: Фустан со пердуви и бисери за Латино наградите

„Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги носат им треба помош при движење“, вели нашиот дизајнер Златко Јовановски, кој третпат креираше фустан за мексиканската ѕвезда која ја глумеше Росалинда.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-01.jpg

Нашиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, ја облече мексиканската ѕвезда Талија за доделувањето на Американските латино музички награди (Latin American Music Awards) кои се одржаа во Лас Вегас.

Таа носеше негов фустан во боја на кожа со многу пердуви, бисери и светкави камчиња, кои се рачно ставени на прекрасната креација.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-03_1.jpg

Талија, која се прослави со улогата на Росалинда, беше една од водителките на престижната манифестација, се преоблече неколкупати, а вечерта ја заврши токму во креацијата на ЈЗЈ.

„Ова е наша трета соработка со Талија. Фустанот е од постоечка колекција, многу ѝ се допаднал, па направивме фустан по нејзини мерки и го испративме во Америка“, рече Златко за CRNOBELO.com.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-044.jpg

Тој претходно објави видео на Инстаграм Стори каде се гледа како Талија седи на столче со тркала, додека маж ја турка за да ја однесе зад сцената, пред таа да излезе на бината во креацијата од Златко.

„Моите креации се екстремно тешки, големи и волуменозни, а на ѕвездите кои ги носат им треба помош при движење“, напиша креаторот.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-02_1.jpg

Ова е трета соработка на Златко со Талија. Тој најпрво за неа креираше корсет во розова боја, инспириран од креација што таа ја носела во 1992 година, а потоа направи и златен корсет инспириран од Мадона, а кој Талија го носеше на концерт на поп кралицата.

Повеќе фотографии и видеа од фустанот на Талија:

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-02.jpg

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-03.jpg

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-04.jpg

zlatko-jovanovski-ja-obleche-talija-za-latino-nagradite-kreacija-so-perduvi-i-biseri-za-meksikanskata-dzvezda-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папучите UGG се хит кај македонските инфлуенсерки: Новиот тренд ги подели мислењата (фото) Нашите инфлуенсерки Александра Шијакоска и Маја Кикириткова објавија модни комби...
Кои српски пејачки ги обожаваат креациите на нашиот Златко Јовановски? Златко Јовановски, кој за себе вели дека е „кралот на светкавото“, е омилен меѓу...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Тренд кој ги освои и Македонките - Златни обетки во стилот на '80-тите Цветови, солзи, кругови - оваа сезона во фокус се големите златни обетки во стил...
Холивудските ѕвезди во креации на нашиот Тони Матичевски (фото) Креации од нашиот Тони Матичевски низ годините носеа Ева Лонгорија, Кетрин Зита-...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg