Златко Јовановски креираше за најголемата мексиканска ѕвезда Талија: „Како дете ја гледав Росалинда, денес контактирам со неа“

„Креацијата на Талија е направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до моите креации и до моето име, па тој ме контактираше за соработка. Ми кажа дека креацијата мора да биде инспирирана од парчиња што таа веќе ги носела, а јас им испратив три скици“ вели дизајнерот Златко Јовановски за CRNOBELO.com. 

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-01.jpg

Македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, креираше корсет за најпознатата мексиканска актерка и пејачка, Талија.

Популарната Мексиканка, која се прослави со улогата на Росалинда во истоимената серија, го облече корсетот во розова боја, со впечатлива круна и крст, па фотките ги објави на својот Инстаграм. 

Ни Златко не ја криеше возбудата од оваа неверојатна соработка. Тој вели дека инспирацијата за дизајнот го пронашол во фустан што таа го носела во 1992 година.

За CRNOBELO.com македонскиот дизајнер раскажа како стапил во контакт со Талија и детали за креацијата:

„На моја огромна чест и задоволство, Талија носи моја креација направена специјално за неа. Нејзиниот стилист дошол до моите креации и до моето име, па ме контактираше за соработка.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-02.jpg

Ми кажа дека креацијата мора да биде инспирирана од парчињата што Талија ги носела некогаш одамна. 

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-06.jpg

Јас пратив три опции, три скици, а Талија и нејзиниот стилист ја избраа оваа.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-08.jpg

Овој корсет е направен од кадифе во розова боја и надолу продолжува во форма на жартиери (подвезици).

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-07.jpg

Амблемите се рачно направени, везени со разновидни монисти и камења.

zlatko-jovanovski-kreirashe-za-najgolemata-meksikanska-dzvezda-talija-kako-dete-ja-gledav-rosalinda-denes-kontaktiram-so-nea-05.jpg

За крај би додал, верувајте во чуда. Бидејќи за мене е многу (позитивно) чудно што како дете ја гледав шпанската серија ‘Росалинда’ и замислував како живеат тие актери, а денес со Росалинда, главниот лик на серијата, односно со Талија, сум во контакт. 

Сè е возможно ако вистински се сака и напорно се работи за истото“.

Ова не е прва соработка на Златко со светска ѕвезда. Тој ја облече пејачката Ава Макс за насловната страница на списанието Her Magazine, негова креација носеше пејачката Мани Лонг, тој дизајнираше парчиња кои се најдоа во модни едиторијали на списанијата Cosmopolitan и Glamor и други.

Златко соработува и со естрадата од регионот, па изминативе години негови креации носеа Јелена Карлеуша, Цеца, Драгана Мирковиќ, Николија, Сања Вучиќ од Hurricane и многу други.

Прочитајте и Златко Јовановски, наш моден дизајнер: „Ме нервираат Македонките кога глумат лажно скромни, ако сакаш да светиш – свети“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg