Златко Јовановски ја облече наследничката на империјата Swarovski: „Верувајте во чуда, бидејќи чуда се случуваат“

„Сопственичката на брендот Swarovski носи моја креација. Драги пријатели, што и да пишам малку е. Само ќе кажам да работите напорно и да верувате во чуда, бидејќи чудата се случуваат“, напиша нашиот дизајнер ЈЗЈ и објави фотки од фустанот кој го креирал за наследничката на империјата за накит.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-naslednichkata-na-imperijata-swarovski-veruvajte-vo-chuda-bidejkji-chuda-se-sluchuvaat-01_copy.jpg

Нашиот моден дизајнер со светско реноме, Златко Јовановски, оствари уште една модна соработка со која го привлече вниманието во модниот свет.

Фустан на Златко, познат како ЈЗЈ, овој пат носеше Викторија Сваровски, австриска поп-пејачка, но и една од наследничките на империјата за накит Swarovski.

Таа е водител на шоуто за танцување Let's Dance, па последната епизода од шоуто ја водеше дотерана во елегантен и впечатлив фустан од македонскиот дизајнер.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-naslednichkata-na-imperijata-swarovski-veruvajte-vo-chuda-bidejkji-chuda-se-sluchuvaat-04.jpg

Црниот фустан што го носеше Викторија ја следи линијата на телото, а со панделка се врзува на грбот.

Она што го прави дизајнот светски, е златниот вез, кој е изработен рачно во модното ателје на Златко, со неколку стотини камчиња во различни големини, а кои сосема соoдветно го доловуваат името Swarovski.

„Сопственичката на брендот Swarovski носи моја креација. Драги пријатели, што и да пишам малку е. Само ќе кажам да работите напорно и да верувате во чуда, бидејќи чудата се случуваат“, напиша Златко на Фејсбук.

златко-05.jpg

Нашиот дизајнер веќе неколку години соработува со многу светски ѕвезди, а негови креации носеа латино-ѕвездата Талија, пејачката Ава Макс, Муни Лонг, но неколку негови фустани беа искористени и за модните едиторијали на Cosmopolitаn.

zlatko-jovanovski-ja-obleche-naslednichkata-na-imperijata-swarovski-veruvajte-vo-chuda-bidejkji-chuda-se-sluchuvaat-05.jpg

Погледнете ги видеата:

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg