Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира?
Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил, која често ја гледаме во уникатни стајлинзи на разни настани.
Вчеравечер (25.11) традиционално, 7-ми пат по ред, се одржа манифестацијата „Мажи на годината“, а за првпат настанот беше во Националната опера и балет.
Гала вечер исполнета со елеганција, а во модните стајлинзи на присутните доминираше црната боја.
Од класични панталони до светкави тоалети и монохроматски фустани кај дамите до елегантни костуми кај мажите, присутните го испочитуваа дрес кодот за настанот.
Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил, која често ја гледаме во уникатни стајлинзи на разни настани.
Таа се одлучи за сребрен светкав елек, здолниште со тул и модни додатоци на вратот и главата во форма на цвет.
Во елегантно издание ги видовме и Ирена Спировска, Нина Ред, Иван Наумовски и низа други наши познати личности.
Модата на „Мажи на годината 2024“:
Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил, која се истакнува на сите наши настани
Јована Костадиновска, водителка на манифестацијата
Нина Ред и Октај Сејди
Калтрина