Весна (58), стоматолог од Куманово - највпечатливата модна дама од Скопскиот моден фестивал (фото)

Нејзиниот стил е смел и на моменти дури ексцентричен, Весна Бруно не можете, а да не ја забележите, па така беше и на Скопскиот моден фестивал. „Омилена боја ми е црната и таа доминира во мојот стил…“, споделува Весна Бруно (58) од Куманово за CRNOBELO.com.

vesna-58-stomatolog-od-kumanovo-najvpechatlivata-modna-dama-od-skopskiot-moden-festival-foto-01.jpg

Весна Бруно (58) е стоматолог од Куманово, но и дама со навистина впечатлив моден стил.

Таа е дамата која годинава остави најсилен впечаток со модните појавувања помеѓу гостите на Скопскиот моден фестивал.

vesna-58-stomatolog-od-kumanovo-najvpechatlivata-modna-dama-od-skopskiot-moden-festival-foto-04.jpgфото: Skopje City Mall

За CRNOBELO.com открива повеќе за нејзиниот моден, но и животен стил:

„Омилена боја ми е црната и таа доминира во мојот секојдневен стил, а особено во вечерните аутфити. Инаку изборот што да облечам е моја лична замисла како би сакала да изгледам и на тој начин ги правам комбинациите.

Хоби ми е планинарење и патувањe, и дури и за во тие пригоди сакам да сум облечена уникатно и со свој личен печат.

Обожавам уметност, постојано посетувам балетски претстави, театар, опера, концерти на класична музика итн.

vesna-58-stomatolog-od-kumanovo-najvpechatlivata-modna-dama-od-skopskiot-moden-festival-foto-02.jpgфото: Skopje City Mall

Од модни додатоци мора да напоменам дека очилата и шапките ми се слабост.

Покрај модните настани во Скопје, имам посетено и неколку модни викенди во Софија, а желба ми е да ја посетам Модната недела во Милано.“

vesna-58-stomatolog-od-kumanovo-najvpechatlivata-modna-dama-od-skopskiot-moden-festival-foto-03.jpgфото: Skopje City Mall

Повеќе фотографии од нејзините стајлинзи:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професиона...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg