5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него

Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт во светската мода, имаше едноставен стил на облекување. А се водеше од своите 5 модни правила, кои важат подеднакво и за мажи и за жени.

podobro-udobni-farmerki-otkolku-moderno-parche-5-modni-soveti-od-roberto-kavali-za-mazhi-i-zheni-01.jpg

Италијанскиот моден дизајнер Роберто Кавали, познат и како „таткото на животинскиот принт“, почина на 12 април 2024 на 83 години.

Во својот долг и исполнет живот, тој создаваше креации кои денес важат за модна класика. А, фустаните со испринтани животни, станаа синоним за неговото име.  

„Создавам фустани со животински мотиви зашто сакам да го копирам Господ. Сметам дека Господ е најфантастичниот дизајнер“, е една од најпознатите изјави на Кавали.

И иако неговите модели „врескаа“ со животински принт, монисти, скапоцени камења, мрежести материјали и тантела, неговиот личен стил беше сосема поинаков.

Тој комбинираше класични парчиња во едноставни бои, секогаш дополнети со впечатливи очила со диоптер кои ги сметаше за свој најпознат моден аксесоар.

Во интервју за GQ, славниот дизајнер откри откри кои се 5-те најважни модни правила според него, а до кои може да се придржуваат и мажите и жените.

Правилата на Кавали:

Помалку е секогаш повеќе

Иако во своите колекции секогаш експериментирал и понекогаш бил на работ меѓу кич и модерно, Кавали велеше дека во модата мора да се прави разлика меѓу „храбро“ и „чудно“.

„Денес има луѓе кои се облекуваат чудно. Тоа не ми се допаѓа, непотребно е. Чудното не е кул. Понекогаш треба да имате само прекрасни особини за да оставите добар впечаток“.

Барем едно црно сако

Ниеден женски или машки плакар не смее да биде без црно сако.

„Ова е вистинска класика и може да се носи буквално со сè“.

Не заборавајте на накитот

„Со накитот ќе му дадете личен печат на тоа што го носите. Кога бирате гардероба, секогаш изберете парче накит што ќе ве опишува вас“.

Фармерки - бидејќи удобноста е поважна од модата

Кавали тврдеше дека, иако дизајнерите ги избегнуваат фармерките, тие треба да се најважното парче во сечиј плакар.

„Искинати, тесни, со рамен крој, какви и да ви се допаѓаат - важно е да имате барем еден пар добри фармерки.

И да ви бидат удобни за да бидете самоуверени и да покажете дека имате стил. Фармерките се поважни од кое било модно парче“.

Не избегнувајте каубојски чизми

Кавали сметаше дека секој може да носи каубојски чизми, а дека зависно од комбинацијата, тие може да делуваат и многу женствено.

„Обожавам каубојки. Тие може да изгледаат многу различно зависно од облеката што ќе изберете да ја носите.

Ако ги комбинирате со фармерки ќе бидат спортски, но во комбинација со плетен фустан може да се многу женствени“.

Освен по своите екстравагантни колекции и модни совети, Кавали ќе остане запаметен и по неколку свои изјави:

„Опкружете се со љубов, зашто љубовта ќе биде носечкиот столб во вашиот живот“.

„Тешко е да создаваш мода. Тоа не можеш да го научиш. Модата мора да е во твојата ДНК“.

„Ќе се обидам да те насмеам, не со бајки, туку со реални приказни од мојот живот. Долг живот полн со емоции и авантури.

Тука сум да те поттикнам, да ти помогнам, да те мотивирам. Не заборавај дека те сакам“.

„Им се восхитувам на жените на нивната интелигенција и карактер. Убавината не е доволна“.

„Постои вистинска вулгарност во начинот на кои жените се облекуваат во моментов. Покажуваат премногу и се трудат премногу. Не разбираат каде е линијата помеѓу секси и вулгарно. Јас знам каде е таа линија“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024 Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg