Почина Роберто Кавали, италијанскиот дизајнер кој го внесе животинскиот принт во светската мода

Роберто Кавали, италијанскиот дизајнер, познат како „татко на животинскиот принт“, почина на 83-годишна возраст по долго боледување.

pochina-roberto-kavali-italijanskiot-dizajner-koj-go-vnese-zhivotionskiot-print-vo-svetskata-moda-01.jpg

Славниот дизајнер Роберто Кавали почина денеска (12.04) во неговиот дом во Фиренца.

Тој зад себе ја остави својата 45-години помлада партнерка, некогашната манекенка Сандра Нилсон и шесте деца.

Роберто Кавали е роден во 1940 година во Фиренца. Во 1957 година запишал Академија за уметности, но се двоумел дали да стане сликар како својот дедо или архитект, професија која повеќе го привлекувала.

pochina-roberto-kavali-italijanskiot-dizajner-koj-go-vnese-zhivotionskiot-print-vo-svetskata-moda-03.jpg

Во тој период, еден пријател го поканил рачно да ја наслика линијата на трикотажа што ја започнал, па така Роберто се заинтересирал за дизајн на текстил.

На почетокот дизајнирал фармерки и маици во хипи дух. Почнал да работи за Марио Валентино, дизајнер од Неапол кој бил специјалист за чевли и кожени производи.

Првата независна колекција ја претставил кога имал 30 години, на ревија во Париз. Облеката била живописна и женствена, па за брзо станала хит меѓу познатите, а Брижит Бардо била прва што ги носела неговите модели.

Својот прв бутик го отворил во Сен Тропе во 1972 година. Во тоа време често го споредувале со Џани Версаче.

Но, Кавали е најпознат по употребата на животинскиот принт во неговите модели. Тој го внесе овој тренд на голема врата во светската мода, поради што го нарекуваа „татко на животинскиот принт“.

Низ годините често беше критикуван за употребата на крзно и кожа во неговите колекции. Неговиот бренд се состои од три линии: Just Cavalli, Cavalli Class, Roberto Cavalli Angels, а вклучува и чевли, очила, предмети за домаќинството и мебел.

Кавали важеше за голем хедонист кој сака сам да управува со хеликоптер, а поседуваше и три автомобили од марката Ferrari.

pochina-roberto-kavali-italijanskiot-dizajner-koj-go-vnese-zhivotionskiot-print-vo-svetskata-moda-04.jpg

По два пропаднати брака, од 2014 беше во врска со шведската манекенка и Плејбој зајачица Сандра Нилсон (38), со која во март 2023 доби син. Во тоа време Кавали имаше 82 години.

Роберто ги има децата Томазо и Кристина од првиот брак со Силванела Џанони, со која се ожени во 1964 година. Кавали се разведе од Силванела 10 години подоцна.

Тој ги има децата Роберт, Рејчел и Даниеле од неговиот втор брак со Ева Марија Диренер.

Италијанскиот моден дизајнер зад себе остави богатство од околу 500 милиони американски долари.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модни совети од Роберто Кавали за мажи и жени + најпознатите цитати од него Славниот италијански дизајнер, Роберто Кавали, кој го воведе животинскиот принт ...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модата на посетителите на „Мажи на годината 2024“ - Која дама модно издоминира? Меѓу присутните се истакна Весна Бруно (60), стоматолог од Куманово, но и д...
Животински принт е во мода: Кои Македонки го следат новиот пролетен тренд? Тамара Тодевска во фустан со животински принт во новиот спот, Аделина Тахири изб...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg