Животински принт е во мода: Кои Македонки го следат новиот пролетен тренд?
Тамара Тодевска носеше фустан со животински принт во новиот спот, Аделина Тахири избра и бикини и корсет со истата шара... Кои познати Македонки не му одолеаја на популарниот пролетен тренд?
Еден од најголемите модни трендови оваа пролет е животинскиот принт. Светските дизајнери и инфлуенсерки го вратија на голема врата.
Насекаде може да се видат фустани со шара на леопард или тигар, фармерки во комбинација со кошули или маички со овој животински принт, корсети, панталони, па дури и бикини...
На трендот кој доминира пролетва не одолеаја ни Македонките.
Дали би го носеле, или не ви е меѓу омилените?
Тамара Тодевска носеше фустан со животински принт во нејзиниот најнов спот за дуетската песна „Его“, а иста таква кошула има и младиот Јанг Дади, со кого таа го сними дуетот.
-->
-->
Модната креаторка Ивана Кнез носеше фустан со животински принт, дел од нејзината најнова колекција.
-->
Аделина Тахири избра бикини со животински принт, но и целосни панталони припиени за телото, дополнети со корсет во истиот стил.
И пејачката Андријана Петрушовска носеше фустан со животински принт на еден од своите последни настапи.
Неодамна инфлуенсерката Александра Шијакоска на Инстаграм Стори покажа како искомбинирала панталони со животински принт и тексас.
Елена Најдоски го обожава овој тренд, па освен што има кошула и панталони со животински принт, таа има и салонки со ваква шара, но и кратко фустанче.
-->
И фолк-пејачката Сузана Гавазова го сака овој стил на облекување - таа носеше кошула со животински принт за вечера со сопругот, но и на еден од своите настапи во Австралија, каде што е на турнеја.
И младата манекенка Луна Стефаноска носи фустан со животински принт.
Водителката Цеце Николова на Инстаграм сподели ретро фотографија од 2021 година и нејзината модна комбинација - црно кусо здолниште, кошула со животински принт и шешир на кој има панделка, исто така со животински принт.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Мартија Станојковиќ најсмело, Барбара Поповиќ - тантела: Како познатите Македонки ја носат црната бо...
Од елегантните изданија на Тамара Тодевска со длабоко деколте до мини фустанчиња...
Животински и уште 4 принтови на облека кои ќе бидат во мода оваа есен 2024
Цветни принтови во силни бои даваат посебно романтичен изглед на палтата, вертик...
5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари
Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично
Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз?
Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш)
Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...