Сите модни изданија на Кејт Мидлтон на Вимблдон, откако се омажи за Вилијам (фото)
По дилемата дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на годинешниот Вимблдон поради борбата со ракот, принцезата од Велс се појави на трибините и ја остави публиката без здив во виолетовиот фустан. Што носеше принцезата претходните години?
Откако се омажи за принцот Вилијам, Кејт Мидлтон секоја година ги гледа натпреварите на Вимблдон, а последниве години ги врачува и трофеите во машкото финале.
Исклучок не беше ни оваа година, иако „до последно“ многумина се прашуваа дали Кејт ќе се појави на Вимблдон, поради борбата со ракот.
Но, таа се појави со ќерка си Шарлот и сестра ѝ Пипа Мидлтон, а ги воодушеви сите со својот изглед, во виолетов фустан кој одлично ѝ прилегаше.
Модните критичари велат дека Кејт никогаш не направила модна грешка на Вимблдон и дека секоја наредна година се надминува себеси, барем при изборот на гардеробата.